Duke ngarkuar...

Градежен инженер- Насока Хидротехника

DEKRA Arbeit Macedonia

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**Во Име На Својот Клиент, ДЕКРА Ја Огласува Позицијата**
**Градежен инженер**
**- Насока**
**Хидротехника**
**ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА**

- Вршење стручен надзор во фаза на изградба и гарантен рок на инфраструктурни и хидротехнички проекти;
- Следење и контрола на изведбата согласно проектна и договорна документација;
- Координација со изведувачи, инвеститори, проектанти и останати учесници во проектот;
- Организација и водење состаноци на градилиште и подготовка на записници и извештаи;
- Следење на динамика на реализација и навремено детектирање на потенцијални ризици и проблеми;
- Контрола и одобрување на техничка документација, градежни книги и градежни дневници;
- Учество во подготовка на месечни и финални извештаи за напредок на проектите;
- Координација и раководење со повеќе дисциплинарни инженерски тимови;
- Учество во подготовка на тендерска документација и технички спецификации;
- Менторирање и поддршка на инженери со помало работно искуство.

**КВАЛИФИКАЦИИ**

- Високо образование – Градежен факултет, насока Хидротехника или сродна техничка насока;
- Минимум 7 години релевантно работно искуство;
- Поседување овластување А за надзор/проектирање/изведба;
- Напредно познавање на AutoCAD, MS Office и техничка документација;
- Познавање на FIDIC договори, стандарди и Eurocodes;
- Одлични организациски и аналитички способности;
- Развиени комуникациски и преговарачки вештини;
- Познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола Б категорија.

**ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ**
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на:
**rabota.arbeit.mk@dekra.com**
**,**
со назнака за позицијата за која што аплицираат.


Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.


Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.



- Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

***Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com***