Duke ngarkuar...

Одговорен инженер – Архитект

DEKRA Arbeit Macedonia

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**Во Име На Својот Клиент, ДЕКРА Ја Огласува Позицијата**
**Одговорен инженер – Архитект**
**ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА**

- Самостојно водење, координација и администрација на големи и сложени архитектонски и мултидисциплинарни проекти;
- Организација и надзор на проектни активности согласно законска регулатива и добиени овластувања;
- Координација на проектни тимови, надворешни соработници и партнери од земјата и странство;
- Изработка на понуди, методологии, програми и технички спецификации;
- Подготовка и контрола на техничка и финансиска документација;
- Комуникација со инвеститори, институции и проектни партнери за реализација на проектите;
- Следење на рокови, квалитет и усогласеност со проектната документација и техничките стандарди;
- Вршење стручна контрола и одобрување на техничка документација;
- Менторирање и професионална поддршка на инженери и соработници со помало искуство;
- Учество во подготовка на тендерска документација и проектни извештаи;
- Следење и примена на современи технологии, стандарди и ISO процедури во работењето.

**КВАЛИФИКАЦИИ**

- Завршено високо образование – Архитектонски факултет;
- Минимум 10 години релевантно работно искуство во областа на проектирање, ревизија, надзор или изведба;
- Поседување А овластување од Комората на овластени инженери и архитекти;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Напредно познавање на MS Office пакет, AutoCAD и останати софтверски алатки од областа;
- Возачка дозвола Б категорија.
- Високо развиени аналитички и организациски способности;
- Способност за управување со повеќе проекти истовремено;
- Одлични комуникациски и презентациски вештини;
- Фокус кон квалитет, рокови и потреби на клиентите.

**ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ**
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на:
**rabota.arbeit.mk@dekra.com**
**,**
со назнака за позицијата за која што аплицираат
**.**
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.


Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.



- Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

***Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com***