Duke ngarkuar...

Помлад референт за банкарски операции

HALKBANK AD Skopje

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 30 dite me pare
**Главни работни задачи:**

·        Прием, администрација и реализација на барањата на клиентите;

·        Вкрстена продажба;

·        Директен маркетинг на производите и услугите на Банката;

·        Редовни парични и благајнички операции.

**Потребни квалификации и карактеристики:**

**·**
  Завршено високо образование од областа на економските науки;

·        Без работно искуство;

·        Познавањето на банкарските операции со готови пари и искуство со контакт и комуникација со клиенти ќе се смета за предност;

·        Познавањето на англиски јазик е задолжително;

·        Ориентираност кон маркетинг и промоција на продуктите на Банката;

·        Почитување на зададени рокови и усогласување на работењето со интерната и законската

·        регулатива;

·        Професионален изглед и однесување;

·        Познавање и активна примена од MS Office алатките.

**Истовремено,**
**кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања и вештини:**

·        Ориентираност и амбиција за стекнување нови знаења и вештини;

·        Разбирање на економската средина и пазар;

·        Усмени и писмени комуникациски вештини;

·        Аналитички способности;

·        Способност за самоорганизирање и навремено завршување на работите;

·        Ориентација кон постигнување на резултати и решавање на проблеми;

·        Способност за работа во тим.

**Бенефиции:**

**·**
  Основна нето плата од 40.066 денари (за кандидати без претходно релевантно искуство);

·        Приватно здравствено осигурување;

·        Политика за наградување преку системот на бонуси;

·        Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;

·        Динамична работна средина;

·        Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење.

Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги исполнувате условите од огласот, ве охрабруваме да аплицирате
**најдоцна до 08.05.2026 година**
, на следниов е-маил:
**career@halkbank.mk**
со назнака:
**Референца Бр. 006/2026 – Помлад референт за банкарски операции во Скопје.**

За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.

Доколку сакате да ја повлечете согласноста за чување и обработка на Вашите лични податоци за цели на идни нови вработувања во Банката, истото можете да го направите во секое време на следниот е-маил: career@halkbank.mk.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на тестирање на знаење и/или интервју.