Duke ngarkuar...

Графички дизајнер

Kolid S

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 30 dite me pare
Во потрага сме по креативен и проактивен Графички дизајнер, за да се придружи на нашиот тим во КОЛИД С.

Оваа позиција подразбира повеќе од дизајн - бараме некој што може да ги оживее идеите преку повеќе канали и да ги поддржува нашите маркетинг активности на дневна основа.

**Главни работни задачи кои би ги имале:**

·     Креирање визуелна содржина за социјални медиуми, кампањи и комуникација на брендот.

·     Дизајнирање на материјали за активации, настани и in-store презентери (банери, постери, материјали за продажба на производи).

·     Поддршка на иницијативи за брендирање (брендирање на возила, материјали за зголемена видливост итн.).

·     Тесна соработка со маркетинг тимот за тековните проекти.

·     Помагање со разни креативни и оперативни задачи кога е потребно.

**Што бараме од кандидатот:**

·     Силно чувство за дизајн и внимание на деталите.

·     Искуство со алатки за дизајн (Adobe Photoshop, Illustrator, Canva или слично).

·     Способност за управување со повеќе проекти и исполнување на рокови.

·     Проактивен, сигурен и ориентиран кон пронаоѓање решенија.

·     Насоченост на креативни и технички задачи.

·     Познавање на англиски јазик.

**Предност ќе им дадеме на кандидати кои имаат:**

·     Искуство во FMCG или малопродажба.

·     Основно познавање на процесите на печатење и познавање на различни видови на  материјали.

**Што нудиме:**

·     Конкурентна плата.

·     Позитивна и динамична работна средина.

·     Можност за работа на разновидни креативни проекти во рамките на динамична FMCG средина.

·     Професионален раст согласно покажаните резулати и можности за учење.

·     Пакет производи од нашите брендови за Новогодишни и Велигденски празници.

**Дополнителни информации:**

·     Полно работно време, канцелариска работа, а по потреба и теренска.

·     Локација на канцеларија: Визбегово, Скопје.

Доколку сте личност која ужива подеднакво како во креативноста, така и во изведбата — би сакале да ве видиме.