Duke ngarkuar...

Graphic Designer

Kontura

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
Контура е креативно студио за дизајн, печатење, промотивни производи и

брендирање на настани. Работиме со компании, организации, амбасади и

меѓународни институции, создавајќи проекти што комбинираат дизајн, материјали и

креативни идеи.

Поради раст на обемот на работа бараме графички дизајнер кој сака да работи на

реални проекти што завршуваат во печатење, материјали и настани.


Работни задачи

• креирање графички решенија за печатени и дигитални материјали

• подготовка на фајлови за печатење

• дизајн за конференции и настани

• дизајн на публикации, брошури, промотивни материјали

• работа со различни материјали и формати

• соработка со продукцискиот тим.


Што бараме?

• Минимум ССС

• одлично познавање на Adobe Illustrator, InDesign и Photoshop

• чувство за композиција, типографија и визуелен идентитет

• внимание на детали и добра организација

• способност за работа на повеќе проекти истовремено

• тимска работа и одговорност.


Што нудиме?

• работа на интересни и разновидни проекти

• креативна и динамична средина

• работа со локални и клиенти од странство

• можност за професионален развој.


Местото на извршување на работните обврски е во Скопје, во канцелариите на

Контура.


Работно време: 09:00 до 17:00 часот, од понеделник до четврток. Петок: 09:00-14:00


Аплицирај со:

• кратка биографија

• портфолио (или примери од работа)

на: contact@kontura.mk со назнака за позицијата за која аплицирате.


Крајниот рок за аплицирање е 14.04.2026.


Сите апликации за работа се третираат со максимална доверливост. Кандидатите кои

ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани и повикани на интервју.