Duke ngarkuar...

Директор на правен сектор

FLEX CREDIT MAKEDONIJA

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 126 dite me pare
**⚖️ ОГЛАС ЗА ДИРЕКТОР НА ПРАВЕН СЕКТОР**

📍 Локација: Скопје

**Флекс Кредит Македонија**
–водечка финансиски институции во земјата, посветена на иновативни решенија и одговорно кредитирање, ја проширува својата структура и објавува оглас за позицијата:

Оваа позиција вклучува
**стратешко управување со правните процеси**
, активна улога во корпоративното управување и континуирана поддршка на деловното донесување одлуки.

Главни одговорности:

- Го дефинира, развива и имплементира правниот и усогласувачкиот систем на компанијата;
- Го следи законодавството, ги анализира неговите импликации и предлага усогласувања на интерните политики и процедури;
- Раководи со сите активности во доменот на правната заштита, договорните односи, регулаторната усогласеност и застапувањето на интересите на компанијата;
- Воспоставува механизми за превенција и управување со правни и деловни ризици;
- Го советува Извршниот директор и високиот менаџмент при носење стратешки и оперативни одлуки;
- Водечки е во подготовка, ревизија и преговарање на договори, партнерски спогодби и деловни односи;
- Надгледува судски, извршни и административни постапки, како и соработката со надворешни адвокати и институции;
- Учествува во изработка на корпоративни политики и стандарди за правна и деловна етика;
- Го унапредува капацитетот на правниот тим преку развој, обука и поддршка на членовите на секторот.

**ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ**

- Завршен
**Правен факултет (VII/1 степен)**
;
- **Положен правосуден испит**
;
- Минимум
**7 години релевантно искуство**
, од кои најмалку
**3 години на раководна позиција**
;
- Длабоко познавање на
**финансиска и облигациона регулатива**
,
**извршни постапки**
,
**заштита на потрошувачи**
и
**трговско право**
;
- Напредно познавање на
**MS Office**
и искуство со дигитални платформи за управување со документи;
- Одлично владеење на
**англиски јазик**
.

**КЛУЧНИ КОМПЕТЕНЦИИ И ЛИДЕРСКИ СПОСОБНОСТИ**

- Стратешко размислување и силна бизнис-интуиција;
- Висок степен на интегритет, доверливост и професионална етика;
- Способност за донесување одлуки базирани на правна анализа и деловна логика;
- Лидер кој инспирира, обучува и мотивира тимови кон високи резултати;
- Исклучителни комуникациски и преговарачки вештини;
- Одлична организациска способност и управување со повеќе приоритети;
- Прецизност, аналитичност и ориентација кон резултати.

**КОМПАНИЈАТА НУДИ:**

- Можност за активно влијание врз корпоративните политики и стратегија;
- Професионален и поттикнувачки тим;
- Атрактивен пакет на примања и бонуси врз основа на резултати;
- Можности за континуиран професионален развој и напредување.

📩
**Доколку поседувате високо чувство за одговорност, интегритет и желба да бидете дел од водечки финансиски бренд – аплицирајте на:**

**hr@flexcredit.mk**