Duke ngarkuar...

Оператори во контакт центар (реф. бр. 102026-013)

Mellon Group

/job-details/11111

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar Sot
**Продолжуваме со проширување на контакт центар тимот во соработка со Македонски Телеком АД Скопје. За таа цел вработуваме:**
**ОПЕРАТОРИ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР**
**(реф. бр. 102026-013)**
Работната позиција е наменета за кандидати за кои комуникацијата со луѓе е предизвик, сакаат да им помогнат на клиентите и имаат способност да препознаат можности за продажба на производи и услуги.


**Опис на работната позиција**
Како оператор во контакт центар ќе бидете задолжени за:



- Одговарање на влезни повици од корисници и обезбедување професионална корисничка поддршка,
- Давање основна техничка помош и насоки при користење на интернет, ТВ и телефонски услуги,
- Остварување излезни повици со цел презентација и продажба на телекомуникациски производи и услуги,
- Препознавање на потребите на клиентите и понуда на најсоодветно решение,
- Обезбедување позитивно корисничко искуство преку љубезна, професионална и ефикасна комуникација,
- Работа согласно утврдени процедури, стандарди за квалитет, јасно дефинирани цели и индикатори за успешност

**Профил на кандидатот**
Ги охрабруваме да аплицираат кандидатите кои поседуваат:



- Одлични комуникациски вештини и способност за јасно и уверливо изразување,
- Изразена ориентираност кон клиентите и желба за обезбедување позитивно корисничко искуство,
- Трпеливост, смиреност и емпатија, особено при комуникација со корисници кои се соочуваат со технички проблеми,
- Продажни способности, градење доверба кај клиенти, идентификација на потреби и ефективно претставување на услуги,
- Чувство на одговорност, дисциплина и посветеност кон работата,
- Способност за брзо учење и усвојување нови знаења,
- Способност за работа во динамична средина и исполнување на поставени цели,
- Основно користење на компјутер, работење со повеќе апликации и познавање на MS Office,
- Тимски дух и позитивен пристап кон работата,
- Минимум завршено средно образование

**Јазични опции**

- Течно познавање македонски јазик, ИЛИ
- Мајчин албански со одлично познавање на македонски јазик

**Што нудиме**

- Платена обука од 4 часа на ден во траење од најмногу 1 месец каде ќе ги научите сите потребни процеси,
- Пријатна и стимулирачка работна атмосфера,
- Мотивациски бонуси за постигнати резултати од продажба и квалитет на испорачана услуга

**Важно**
Работната позиција подразбира:



- Работа во смени, вклучително и втора смена,
- Работа за време на викенди и празници согласно распоред

**Аплицирајте денес**
Испратете го Вашето CV и станете дел од тим кој го цени ангажманот и професионалниот пристап на секој член.


***Мелон Солушнс Дооел***
*е дел од*
***Mellon Group***
*, водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Седиштето на Mellon Group е во Атина, Грција и моментално брои преку 8.000 вработени во 12 земји.*