Duke ngarkuar...

Менаџер на Одделение за електронски пари, картични и дигитални плаќања во рамки на Дирекцијата за платни системи

FLEX CREDIT MAKEDONIJA

/job-details/11041

Skopje, Skopje Statistical Region
full_time
Publikuar 1 dite me pare
Менаџер на Одделение за електронски пари, картични и дигитални плаќања во рамки на Дирекцијата за платни системи

Работни обврски и одговорности

• Раководи со развојот, имплементацијата и управувањето на производите за електронски пари и дигитални плаќања

• Управува со животниот циклус на платежните картички, дигиталните паричници и останатите платежни инструменти

• Предлага нови производи, функционалности и деловни модели во областа на дигиталните плаќања

• Ги следи пазарните трендови и предлага иновации за зголемување на конкурентноста на компанијата

• Обезбедува непречено функционирање на процесите за издавање и управување со електронски пари

• Го следи работењето на картичните системи, процесорите и платежната инфраструктура

• Воспоставува и унапредува оперативни процедури, контроли и работни упатства

• Следи и анализира KPI показатели за работењето на одделението

• Раководи со проекти за воведување нови платежни производи и услуги

• Координира активности со интерни и екстерни засегнати страни во рамки на проектите

• Учествува во имплементација на нови картични програми, wallet решенија и дигитални канали

• Обезбедува навремена реализација на проектните активности

• Остварува и одржува деловна соработка со банки, картични шеми (Mastercard, Visa и други), процесори и технолошки партнери

• Учествува во преговори за деловни и оперативни услови

• Следи исполнување на договорните обврски од страна на партнерите

• Обезбедува усогласеност на производите и процесите со законската и подзаконската регулатива

• Следи регулаторни измени и предлага потребни прилагодувања

• Учествува во подготовки за регулаторни контроли и ревизии

• Соработува со функциите за усогласеност, управување со ризици и внатрешна ревизија

• Организира, координира и надгледува работата на вработените во одделението

• Ги распределува задачите и ги следи резултатите од работата

• Обезбедува професионален развој и континуирана едукација на членовите на тимот

• Учествува во процесите за селекција и воведување на нови вработени

Потребни квалификации

Образование

• Завршено високо образование (240 ЕКТС) од областа на:

o Економски науки

o Банкарство и финансии

o Информатички науки или друга соодветна област

Работно искуство

• Минимум 5 години работно искуство во:

o платежни институции

o институции за електронски пари

o банки

o картични бизниси

o финтек компании или сродна област

• Минимум 2 години искуство на раководна позиција ќе се смета за предност

Стручни знаења

• Познавање на платежни услуги и платни системи

• Познавање на електронски пари и платежни сметки

• Познавање на картични производи и картични шеми (Mastercard, Visa)

• Познавање на дигитални паричници и дигитални платежни решенија

• Познавање на локалната и европската регулатива во областа на платежните услуги и електронските пари

• Познавање на проектен менаџмент

• Напредно познавање на MS Office алатки

Јазични познавања

• Одлично познавање на македонски јазик

• Активно познавање на англиски јазик, усмено и писмено

Лични компетенции

• Лидерски способности

• Стратешко размислување

• Организациски способности

• Аналитичко и критичко размислување

• Способност за управување со повеќе проекти истовремено

• Развиени комуникациски и преговарачки вештини

• Иницијативност и ориентираност кон резултати

• Високо ниво на одговорност и професионален интегритет

Аплицирајте на vrabotuvanje@flexpay.mk