Posto punë

Ballina / Punët / Стручен за управување со проблематични изложености

Стручен за управување со проблематични изложености

ProCredit Bank Macedonia

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Bankari

Përshkrimi

ПроКредит е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддржување микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и физички лица, како и на поттикнување економски раст и одржлив развој.

Биди следното дополнение на нашиот тим во Секторот за кредитен ризик како Стручен за управување со проблематични изложености .

Клучни одговорности:

  • Активно следење и управување со портфолио на клиенти со доцнење во исполнување на кредитните обврски.
  • Комуникација и преговарање со клиенти со цел утврдување на причините за доцнење и изнаоѓање одржливи решенија за наплата.
  • Предлагање и имплементација на соодветни мерки за редовно сервисирање на кредитните обврски.
  • Подготовка на предлози и документација за отпочнување постапки за присилна наплата, реструктурирање или отпис на побарувања.
  • Соработка со филијалите и другите релевантни организациски единици за подобрување на квалитетот на кредитното портфолио.
  • Учество во комитети и состаноци поврзани со управување со проблематични изложености и кредитен ризик.
  • Посета на клиенти заедно со Советници за бизнис клиенти и проценка на можностите за наплата.
  • Подготовка на редовни анализи, извештаи и препораки за клиенти и портфолија под интензивен менаџмент.
  • Предлагање и имплементација на подобрувања во процедурите и процесите за управување со проблематични изложености.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на економија, финансии, бизнис администрација или сродни области.
  • Претходно работно искуство во банкарство, кредитен ризик, наплата на побарувања или управување со кредитно портфолио ќе се смета за предност.
  • Познавање на финансиски извештаи и основни принципи на кредитна анализа.
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини.
  • Способност за самостојно организирање на работата и носење навремени одлуки.
  • Аналитички пристап, внимание на детали и ориентираност кон резултати.
  • Одлично познавање на MS Office пакетот.
  • Познавање на англиски јазик.

Што нудиме:

  • Меѓународна компанија со пријатна и отворена работна атмосфера.
  • Тимска соработка и култура која охрабрува проактивност и иновативни идеи.
  • Континуиран личен и професионален развој.
  • Рамна хиерархија и брзи процеси на одлучување.
  • Флексибилно работно време (08:00 – 09:00).

Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да го испратат своето CV на mkd.job@procredit-group.com .

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4469127201/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 18/09/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme