Posto punë

Ballina / Punët / СОВЕТНИК/ЧКА - СОЦИЈАЛЕН/НА РАБОТНИК/ЧКА

СОВЕТНИК/ЧКА - СОЦИЈАЛЕН/НА РАБОТНИК/ЧКА

SOS Children's Villages

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал - водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност.

За реализација на активностите од Проектот „Право на семејство II“, се отвора нова позиција за 1 (едно) работно место

СОВЕТНИК/ЧКА - СОЦИЈАЛЕН/НА РАБОТНИК/ЧКА 📍 Кавадарци 🏡 Проект „Право на семејство II“ 📅 Рок на аплицирање 08.02.2026 г. **Дали верувате дека секое семејство заслужува поддршка, стабилност и шанса за подобра иднина?

Ако одговорот е „да“ - оваа улога е за вас.** 🎯 ШТО ЌЕ РАБОТИТЕ?

  • Проценка на корисници и подготовка на социјална анамнеза/еко-мапа

  • Поддршка на семејства во социјален ризик при остварување права и услуги

  • Индивидуално и групно советување за

  • родителски компетенции

  • позитивно родителство

  • комуникациски вештини и семејна функционалност

  • Организација на активности родител-дете

  • Соработка со ЦСР, институции и граѓански организации

🌟 ШТО БАРАМЕ?

  • ВСС - Социјална работа и социјална политика
  • Познавање на законска регулатива за социјална заштита и семејство
  • Способност за подготовка и спроведување на обуки
  • Напредни знаења за детски права
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутер
  • Активен возач

🧠 ЛИЧЕН ПРОФИЛ

  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Емпатија, професионализам и доверливост
  • Тимски дух и проактивност

💼 ШТО НУДИМЕ?

  • Работа во меѓународна организација со силна мисија и вредности
  • Професионален и личен развој (обуки, тим-билдинзи)
  • Договор на определено време (1 година) со можност за продолжување до крајот на проектот - 2029
  • 1 ден неделно - работа од дома
  • Средина која го цени и поддржува вашиот професионален интегритет
  • Програма за добросостојба на вработени

📬 КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ? Пополнете ја апликацијата најдоцна до 08.02.2026 година 🔔 Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика !

💙 Ниту едно дете не треба да расте само ! 💙

Напомена Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.

СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%81%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D1%87%D0%BA%D0%B0-at-sos-children-s-villages-international-4321503545

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 26/01/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme