Përshkrimi
Придружи се на тим кој прави разлика — за децата, за семејствата, за заедницата. СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал — водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка.
За потребите на Проектот за развој на индивидуално донаторство, бараме одговорна и мотивирана личност која ќе биде клучна алка во директната комуникација со нашите донатори.
🎯 Главни одговорности
- Редовно ги контактира актуелните донатори преку различни комуникациски канали (телефон, е-пошта, пошта и сл.)
- Доследно ги спроведува и следи сите фази на Програмата за лојалност
- Одговара и решава приговори и предлози на индивидуалните донатори
- Ги ажурира постоечките и внесува нови информации во базата на податоци (CRM)
- Континуирано го следи статусот и ефективноста на Програмата за лојалност
- Подготвува редовни неделни извештаи за работата и постигнувањата
- Врши месечни анализи согласно потребите на Одделот за обезбедување средства
- Извршува помошни административни задачи
✨ Потребни квалификации
- Завршено најмалку средно образование
- Најмалку 2 години искуство во кол центар, телемаркетинг или директна продажба
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Прецизност, аналитичност и проактивност во работењето
- Оптимизам, упорност и искрена желба да придонесе за хуманитарна цел
- Добро познавање на англиски јазик
⚠️ Задолжителни технички вештини — ќе биде спроведено тестирање
- Напреден Excel — pivot табели, сложени формули, анализа на податоци
- CRM платформи — Salesforce или еквивалентна (работно искуство, не само познавање)
🏢 Работни услови
- Работен ангажман на определено време од 1 година (со можност за продолжување)
🕒 Работно време — хибриден модел
- Понеделник - петок, во две смени по договор
→ Утринска смена 0800 - 1600 → Попладневна смена 1130 - 1930
- Секоја втора сабота 1100 - 1400
- Работа во организација со силна мисија и вредности
- Програма за благосостојба на вработени
- Континуирани можности за личен и професионален раст и развој
📩 Начин на аплицирање
Испратете ја вашата работна биографија најдоцна до 05.06.2026 .
Само кандидати кои ги исполнуваат задолжителните технички услови ќе бидат поканети на тестирање и интервју. Напомена Вашите лични податоци ќе бидат обработени исклучиво за целите на регрутирањето. СОС Детско село практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади. Организацијата активно се залага за родова еднаквост.
Kërkesat
Niveli: mid level
Publikuar 22/05/2026 · Skadon 19/01/2027