Posto punë

Ballina / Punët / Соработник за обука и развој

Соработник за обука и развој

Expanda

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Експанда ДООЕЛ е водечка дистрибутерска компанија во Македонија и ексклузивен дистрибутер и соработник на Филип Морис ТКП,

како и ексклузивен оператор на IQOS директната и индиректната продажба. Нашиот успешен тим е составен од вработени кои имаат знаења, вештини и тежнеат кон тимската работа па со своите резултати поставуваат високи стандарди во компанијата. Во моментот бараме мотивирани кандидати кои би се приклучиле на  тимот за обука и развој на колегите задолжени за портфолиото на компанијата Philip Morris International.

Како Соработник за обука и развој на комерцијалниот тим ќе бидете одговорни за:

1. Имплементација на план за комерцијален развој:

  • Имплементација на локални стратегии за развој на способностите на вработените;
  • Негување култура на коучинг и градење тимови со високи перформански на доделениот пазар;

2. Анализа на потреби и идентификација на перформани:

  • Спроведување детални анализи за идентификација на можности за подобрување на вештините и потребите за обука;
  • Спроведување на акциски планови за градење на потребните компетенции;
  • Изработка на календари за обуки и методологии за нивна имплементација.

3. Испорака на програми за учење/обука:

  • Обезбедување навремено и квалитетно планирање, спроведување обуки, следење на перформанси и континуирано подобрување;
  • Спроведување на глобални програми за обука, адаптација на содржината според локалните потреби;
  • Спроведување тренски и конференциски обуки за ефикасна едукација на вработените задолжени за малопродажба (B2C) и големопродажба (B2B);
  • Поддршка при воведување и спроведување на онлајн обуки и нивна интеграција со практична и теренска работа;

4. Обука и развој на тимовите:

  • Активно присуство на терен, обезбедување на раст и развој преку коучинг и практична поддршка на вработените;
  • Давање на конструктивен фидбек за подобрување на перформансите на вработените и следење на нивниот развој;
  • Собирање повратни информации во реално време со цел подобрување на програмите за учење;
  • Обезбедува  сите вработени да овозможат квалитетно искуство за корисниците;

Доколку сте:

·       Проактивни, аналитични и ориентирани кон резултати;

·       Ентузијасти и мотивирани за развој на тимови;

·       Организирани со способност за поставување приоритети;

·       Комуникативни со високо ниво на деловна култура;

·       Ориентирани кон иновации и нови технологии;

·       Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина;

И поседувате:

·       Минимум 2 години работно искуство во FMCG индустрија

·       Претходно работно искуство на позиција Супервизор или Тим лидер, со докажани вештини во директно управување и водење на тимови;

·       Искуство во развој на вработени или организациски способности (пожелно);

·       Високо образование (Економски факултет или сродни области);

·       Познавање на MS Office пакет;

·       Одлично познавање на англиски јазик;

·       Вештини за коучинг и менторство;

·       Добри соработнички вештини;

Ние ви нудиме:

·       Одлични услови за работа, иновативна средина и развој во динамичен тим;

·       Компетитивни месечни примања;

·       Службено возило;

·       Работно време: 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%81%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%BE%D0%B1%D1%83%D0%BA%D0%B0-%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D1%98-at-expanda-4406044644

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 29/04/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme