Përshkrimi
За нас
Грант Торнтон Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на Грант Торнтон Интернационал составена од независни ревизорски, даночни и советодавни фирми, со преку 80.000 луѓе во над 150 земји во светот. Ние сме тим од независни професионалци кои го ставаат квалитетот, инклузијата и интегритетот на прво место. Низ целиот свет им носиме поинакво искуство на нашите клиенти и на нашите луѓе. Проактивни и агилни обезбедуваме експертиза што им е потребна на клиентите на начин што оди подалеку од нивните очекувањата.
Клучните одговорности на ова работно место вклучуваат:
· Обезбедување сметководствени услуги за клиенти
· Водење тимови од квалификувани и високо мотивирани сметководители
· Обезбедување поддршка на членовите на тимот во извршувањето на задачите
· Интеракција на честа основа со клиентите
· Одржување највисоки стандарди за деловна етика
Клучните барања за ова работно место се:
· Универзитетска диплома по сметководство / бизнис администрација / економија / финансиски менаџмент
· 6+ години работно искуство во сметководство
· Поседување на соодветни уверенија и лиценци ќе се смета за предност
· Одлично владеење на MS Office и сродни компјутерски вештини
· Одлични вештини за анализа и известување
Што нудиме:
• Поддржувачка и динамична работна средина
• Конкурентна плата и бонус систем
• Целосно финансирани обуки и сертификации
• Флексибилно работно време
• Пократко работно време во петок.
• Слободни петоци во текот на летото
• Приватно здравствено осигурување
• Спортски бенефити.
Како да аплицирате
Испратете CV на careers@mk.gt.com или аплицирајте директно преку овој оглас..
Сите апликации ќе се третираат со доверливост и само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани.
Kërkesat
Niveli: mid level
Publikuar 16/07/2026 · Skadon 19/01/2027