Përshkrimi
Manpower
- Како глобален лидер во вработувањето, ги поврзуваме талентите со врвни компании. Нашата цел? Да ги исполниме твоите амбиции и потребите на пазарот на трудот.
Во име на нашиот клиент БДО , една од глобалните водечки компании во областа на ревизија, сметководство и консалтинг, поради зголемен обем на работа, бараме искусни и мотивирани кандидати за позицијата Сениор Сметководител.
Доколку имате искуство во сметководство, одлично познавање на финансиски и даночни процеси, како и желба за професионален развој во интернационална и динамична средина - ова е вистинската можност за вас.
🔹 РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:
Сениор Сметководител
📍 Локација на работа:
Скопје, Македонија
📝 Опис на работата:
• Контрола и книжење на финансиска и материјална документација
• Пресметка на плати и извршување на административни работи за клиенти
• Комуникација со УЈП, НБРМ, ЦРМ и други релевантни институции
• Подготовка и изработка на извештаи за клиенти
• Подготовка на извештаи по барање на менаџментот
• Работа и комуникација со интернационални клиенти
• Следење и примена на сметководствени стандарди и законска регулатива
• Работа со системи и платформи: ЕПДД, E-tax, ЦРМ, НБРМ, државен завод за статистика, АВРМ и МПИН
• Подготовка, проверка и поднесување на даночни пријави и други законски извештаи во согласност со важечката даночна и сметководствена регулатива
• Усогласување на месечни, квартални и годишни бруто биланси со придружна документација
🎯 Што очекуваме од тебе:
• Завршен економски факултет - насока сметководство и ревизија, финансиски менаџмент или сродна област
• Претходно работно искуство во сметководство минимум 3 години (предност ќе имаат кандидати со работно искуство во сметководствено биро)
• Искуство во работа со интернационални клиенти ќе се смета за предност
• Одлично познавање на англиски јазик
• Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint)
• Познавање на сметководствени стандарди и МСФИ
• Познавање на законска регулатива и даночни прописи
• Тимски дух и комуникациски вештини
• Самоиницијативност и одговорен пристап кон работата
• Желба за учење, професионален развој и усовршување
• Способност за работа во динамична средина
🕘 Услови на вработување:
• Полно работно време (понеделник - петок)
• Можност за долгорочен професионален развој и напредување
🎁 Бенефиции:
• Работа во професионален и поддржувачки тим
• Менторство и континуирана поддршка
• Обуки и професионални сертификати
• Пристап до стручна литература и професионални апликации
• Можност за консултации и соработка со експерти од различни области
• Пријатна и динамична работна средина
• Wellness бенефити (Fit Kit, приватни здравствени прегледи и сл.)
• Тим билдинг активности
📋 Процес на селекција:
• Избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју со Manpower
• По успешното интервју, селектираните кандидати ќе продолжат во понатамошен процес со компанијата БДО
Доколку сакате да бидете дел од интернационална компанија со високи професионални стандарди и можност за континуиран развој, аплицирајте со вашето CV преку опцијата Брза Апликација.
Контакт ќе биде остварен само со кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.
Со пријавување на овој оглас, се согласувате вашите лични податоци да бидат обработувани и чувани во рок од 6 месеци, исклучиво за потребите на овој регрутациски процес. Сите информации ќе бидат третирани како строго доверливи.
Kërkesat
Niveli: mid level
Publikuar 01/06/2026 · Skadon 19/01/2027