Posto punë

Ballina / Punët / SAP Consultant

SAP Consultant

KING ICT

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Кои сме ние? KING ICT како членка на M San Group, e една од најголемите регионални систем интегратори, кој на своите корисници им нуди комплетни ИТ и деловни решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Нашите SAP експерти им обезбедуваат на корисниците сеопфатна поддршка за SAP деловни решенија, од имплементација до одржување. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме.

Доколку добро го познаваш SAP и имаш искуство со имплементација на деловни процеси во SAP, а сакаш да работиш во стимулирачка средина која ја гради својата пазарна позиција и развој врз создавање деловни вредности за корисниците базирани на напредни технологии, тогаш отворија оваа можност и аплицирај за SAP консултант! Работни активности и обврски:

  • Идентификување и документирање на барања за промени во деловниот информациски систем на корисникот;
  • Анализа на корисничките барања, предлагање на решенија и носење заклучоци за промени во стандардите на деловниот информациски систем;
  • Учество во имплементација, одржување и надградба на SAP решенија;
  • Обезбедување консултантски услуги во врска со барања за промени во деловниот информациски систем на корисникот;
  • Проценка на обемот на работа и времето потребно за имплементација на SAP ИТ решенија во вашата област на експертиза;
  • Следење на трендовите во развојот на технологијата и организациските методи во вашата област на дејност;
  • Учество во продажни активности во вашата област на експертиза
  • Учество во надворешни и внатрешни едукативни активности
  • Учество во едукација и менторирање на вработени и споделување знаење со колегите
  • Учество во имплементација на решенија надвор од седиштето на работодавачот
  • Самостојно извршување на доделените задачи и активно учество во тимската работа
  • Континуирано професионално усовршување во вашата област на експертиза
  • Обезбедување повратни информации за вашата работа и резултатите до непосредно претпоставените
  • Покажување добри комуникациски вештини и подготвеност за тимска работa.

Очекувани искуствени аспекти:

  • Пет или повеќе години искуство на бараната работна позиција, работејќи на проекти за имплементација или одржување на SAP систем,
  • Познавање на англиски јазик.

Дополнителни аспекти кои би оделе во прилог:

  • Формален SAP сертификат,
  • Познавање на други SAP модули,
  • Елоквентност и структурираност во комуникацијата,
  • Подготвеност за тимска работа,
  • Позитивен став и одговорен и проактивен пристап кон работата,
  • Желба за континуирано учење и унапредување.

Што нудиме ние:

  • Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух;
  • Конкурентен финансиски надоместок;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка;
  • Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата;
  • Професионален и личен развој;
  • Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции;
  • Работа на домашни, регионални и интернационални проекти;
  • Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници;
  • Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.

Напомена : Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/sap-consultant-at-king-ict-4373005793

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 17/02/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme