Përshkrimi
Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:
- Завршено високо образование од областа на економија, финансии, математика, статистика, информатички науки или сродна област;
- Работно искуство на иста или слична позиција од најмалку 2 години;
- Одлични познавања на англиски јазик за континуирана комуникација, пишување и читање;
Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања, вештини и квалификации:
- Напредно познавање на MS Excel
- Познавање на SQL, Power BI, Tableau или други BI алатки ќе се смета за предност
- Аналитичко размислување и способност за работа со големи бази на податоци
- Способност за подготовка на јасни аналитички извештаи и презентации.
- Претходно работно искуство во Банка ќе се смета за предност.
- Професионален пристап кон работните обврски;
- Ефикасно управување со време, приоритети и почитува рокови;
- Чесност и доверливост;
- Одлични комуникациски вештини;
- Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
- Способност за тимска работа;
- Професионален изглед и однесување.
За оваа работна позиција, кандидатот пожелно е да поседува работно искуство, познавање и способности за вршење на дел од следните работните задачи, кои што ќе бидат должност на вработениот ангажиран на горенаведената позиција:
- Анализа и обработка на големи бази на финансиски и деловни податоци;
- Подготовка на редовни и ад-хок аналитички извештаи за потребите на менаџментот;
- Развој на аналитички модели и индикатори за следење на деловните перформанси;
- Подготовка на презентации и аналитички материјали за донесување деловни одлуки;
- Развој и одржување на dashboard-и и визуелизации на податоци;
- Поддршка во процесите на финансиско планирање, анализа и известување;
- Соработка со други организациски единици во Банката во делот на анализа на податоци и деловни процеси.
Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 29.03.2026 година, на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака на соодветната Референца согласно позицијата за кој што аплицирате, пример: Референца бр. 004/2026 – Самостоен аналитичар за финансиски податоци и бизнис анализа (Financial Data & Business Intelligence Senior Analyst).
Kërkesat
Niveli: senior
Publikuar 24/03/2026 · Skadon 19/01/2027