Posto punë

Ballina / Punët / Sales & Quotations Assistant

Sales & Quotations Assistant

Kontura

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Контура е креативно студио за дизајн, печатење, промотивни производи и брендирање на настани. Работиме со компании, организации, амбасади и меѓународни институции, создавајќи проекти што комбинираат дизајн, материјали и креативни идеи.

Поради раст на обемот на работа бараме  aсистент за продажба и понуди  кој ќе помогне во комуникација со клиенти, подготовка на понуди и организација на проекти.

Работни задачи

  • комуникација со клиенти (е-маил, телефон, состаноци)
  • подготовка и испраќање на понуди
  • координација со дизајн тимот и продукцијата
  • следење на статус на понуди и проекти
  • подготовка на информации за печатење и промотивни производи
  • помош во организација на проекти и настани
  • одржување на добра комуникација со постојни клиенти.

Што бараме?

·        Минимум ССС

  • организирана и комуникативна личност
  • способност за работа на повеќе проекти истовремено
  • основно разбирање на дизајн, печатење или промотивни производи (предност)
  • добро познавање на македонски и англиски јазик
  • солидно познавање на MS Office
  • позитивен и професионален однос со клиенти.

Што нудиме?

  • работа во креативна и динамична средина
  • можност за учење на дизајн, материјали и печатење
  • работа на интересни проекти со локални и клиенти од странство
  • стабилна и пријателска работна атмосфера
  • можност за професионален развој.

Местото на извршување на работните обврски е во Скопје, во канцелариите на Контура.

Работно време: 09:00 до 17:00 часот, од понеделник до четврток. Петок: 09:00-14:00

 Аплицирај со:

  • кратка биографија
  • краток e-mail со неколку реченици за твоето искуство и интерес за позицијата

на:  contact@kontura.mk со назнака за позицијата за која аплицирате.

Крајниот рок за аплицирање е 16.04.2026.

  • Сите апликации за работа се третираат со максимална доверливост. Кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/sales-quotations-assistant-at-kontura-4397526945

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 03/04/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme