Përshkrimi
За Компанијата:
Југоимпекс е лидер на македонскиот пазар во областа на планирање, продажба, инсталација, одржување на опрема, машини и целосни решенија за индустријата за производство на мебел и преаботка на дрво.
Како генерален застапник за реномиранирани светски брендови, обезбедуваме врвна технологија, прецизност и квалитет на нашите клиенти.
Во моментот го прошируваме нашиот тим и сме во потрага по мотивиран, амбициозен и технички квалификуван Менаџер за продажба за Македонија .
Цел на Улогата:
Како дел од нашиот продажен тим, вашата главна задача ќе биде водење на комплетниот B2B продажен циклус. Ќе соработувате директно со производители на мебел, столарски работилници, архитекти и фабрики од дрвната индустрија, помагајќи им да ги унапредат своите производи и производствени капацитети преку нашите решенија.
Одговорности:
- Управување со продажниот циклус:
- Водење, грижа и идентификација на нови можности кај постоечките клиенти, водење преговори од првична презентација до финализирање на договорот.
- Идентификација на нови потенцијални клиенти. Воспоставување контакт и водење на преговори од првична презентација до финализирање на договорот.
- Консултативна продажба: Анализа на потребите на клиентите и подготовка на соодветни технички понуди.
- Одржување односи со клучни клиенти: Редовни теренски посети на постоечки партнери, следење на нивниот раст и идентификување можности за унапредување на нивниот производствен процес.
- Едукација и презентации: Организација и учество во технички работилници и презентации на производи во нашиот изложбен.
- Анализа на пазарот: Следење на трендовите во индустријата, потребите на клиентите, рана идентификација на нови можности.
Потребни Квалификации (Requirements):
· Претходно искуство:
o Најмалку две години искуство во B2B продажба и раководење деловни клиенти
или
o Пет години искуство во индустријата за производство на мебел.
· Комуникациски вештини: Идеалниот кандидат треба да поседува добри презентациски, преговарачки и продажни вештини.
· Јазици: Одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавање на трет јазик ќе се смета за предност.
· Возачка дозвола: Б-категорија (активен возач, подготвеност за теренска работа низ Македонија).
· Компјутерски вештини: Напредно користење на MS Office (Word, Excel), искуство со CRM системи и дигитални алатки за продажба.
Што овозможува позицијата:
- Мотивирачки процентуален бонус систем поврзан со постигнатите продажни резултати, без минимални таргети и без крајна граница за остварени бонуси.
- Годишни бонуси поврзани со личниот успех и успехот на компанијата
- Флексибилно работно време.
- Службено возило достапно и за приватни цели.
- Буџет за угостителство према клиенти.
- Континуирани обуки и професионален развој, вклучително и сертифицирани обуки директно од нашите странски партнери.
Kërkesat
Niveli: senior
Publikuar 14/08/2026 · Skadon 19/01/2027