Posto punë

Ballina / Punët / Претставник на брендот Smidgin (Битола и Струмица)

Претставник на брендот Smidgin (Битола и Струмица)

Smidgin Gin

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Сакаш да бидеш дел од приказната на  првиот македонски крафт џин  и да го претставуваш  Smidgin  на различни настани?

Smidgin бара  претставници на брендот за хонорарен ангажман  на договорени настани и промоции во:

  • Битола
  • Струмица

Бараме  комуникативна, позитивна и професионална личност  што знае како да комуницира со гости, да го претстави брендот и да создаде  автентично Smidgin искуство.

Што ќе биде твојата улога?

•  Хонорарен ангажман на договорени настани , согласно потребите и календарот на Smidgin

•  Претставување на Smidgin  на настани и промотивни активности

• Комуникација со гостите и  презентирање на производите

• Запознавање на посетителите со  Smidgin, неговата приказна и производите

• Презентирање на производот на  природен, атрактивен и професионален начин

• Активно учество во текот на настанот и  креирање позитивно искуство за гостите

•  Фотографирање на моменти и атмосфера  од настаните за потребите на Smidgin

Кого бараме?

• Личност со  одлични комуникациски и презентациски вештини

• Искуство во работа со  промоции, организација на настани, угостителство или претставување брендови  ќе се смета за предност

•  Самоуверен и природен пристап  во комуникација со различни луѓе

•  Професионален и позитивен однос

• Основни познавања од фотографија и  чувство за добар кадар

• Интерес за  брендирање, животен стил и премиум производи

•  Одговорност, енергичност и способност за професионално претставување на брендот

Што нудиме?

•  Хонорарен ангажман  на договорени настани

•  Обука и запознавање со брендот и производите

• Можност за учество на различни  премиум настани и активности на Smidgin

•  Можност за долгорочна соработка  доколку се покажеш како успешен претставник на брендот

Ако се препознаваш во оваа улога, испрати ни  кратка биографија на info@smidgin.mk, со неколку информации за твоето искуство и  градот во кој би можел/а да работиш.

Не бараме само лице за промоција – бараме личност што ќе знае да го претстави Smidgin како искуство.

Be the face. Share the story. Be Smidgin.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4463419793/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 10/09/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme