Posto punë

Ballina / Punët / Помлад референт за банкарски операции

Помлад референт за банкарски операции

HALKBANK AD Skopje

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Bankari

Përshkrimi

Главни работни задачи:

·        Прием, администрација и реализација на барањата на клиентите;

·        Вкрстена продажба;

·        Директен маркетинг на производите и услугите на Банката;

·        Редовни парични и благајнички операции.

Потребни квалификации и карактеристики:

·   Завршено високо образование од областа на економските науки;

·        Без работно искуство;

·        Познавањето на банкарските операции со готови пари и искуство со контакт и комуникација со клиенти ќе се смета за предност;

·        Познавањето на англиски јазик е задолжително;

·        Ориентираност кон маркетинг и промоција на продуктите на Банката;

·        Почитување на зададени рокови и усогласување на работењето со интерната и законската

·        регулатива;

·        Професионален изглед и однесување;

·        Познавање и активна примена од MS Office алатките.

Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања и вештини:

·        Ориентираност и амбиција за стекнување нови знаења и вештини;

·        Разбирање на економската средина и пазар;

·        Усмени и писмени комуникациски вештини;

·        Аналитички способности;

·        Способност за самоорганизирање и навремено завршување на работите;

·        Ориентација кон постигнување на резултати и решавање на проблеми;

·        Способност за работа во тим.

Бенефиции:

·   Основна нето плата од 40.066 денари (за кандидати без претходно релевантно искуство);

·        Приватно здравствено осигурување;

·        Политика за наградување преку системот на бонуси;

·        Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;

·        Динамична работна средина;

·        Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење.

Доколку сте заинтересирани за позицијата и ги исполнувате условите од огласот, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 08.05.2026 година , на следниов е-маил: career@halkbank.mk со назнака: Референца Бр. 006/2026 – Помлад референт за банкарски операции во Скопје.

За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.

Доколку сакате да ја повлечете согласноста за чување и обработка на Вашите лични податоци за цели на идни нови вработувања во Банката, истото можете да го направите во секое време на следниот е-маил: career@halkbank.mk.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на тестирање на знаење и/или интервју.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%BB%D0%B0%D0%B4-%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-at-halkbank-ad-skopje-4406464377

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 30/04/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme