Posto punë

Ballina / Punët / Платена пракса во ревизија

Платена пракса во ревизија

Grant Thornton North Macedonia

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Ekonomi, financë, kontabilitet

Përshkrimi

За нас

Грант Торнтон Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на Грант Торнтон Интернационал составена од независни ревизорски, даночни и советодавни фирми, со преку 73.000 луѓе во над 149 земји во светот. Ние сме тим од независни професионалци кои го ставаат квалитетот, инклузијата и интегритетот на прво место. Низ целиот свет им носиме поинакво искуство на нашите клиенти и на нашите луѓе. Проактивни и агилни обезбедуваме експертиза што им е потребна на клиентите на начин што оди подалеку од нивните очекувањата.

Грант Торнтон Македонија нуди одлична можност за студенти и дипломци кои сакаат да започнат кариера во областа на ревизијата. Доколку си амбициозен, прецизен и подготвен за предизвици – оваа пракса е за тебе!

Што нудиме?

✔️ Платена пракса во времетраење од најмалку 2 месеци

✔️ Можност за продолжување на праксата или директна вработување

✔️ Работа со искусен и пријателски тим

✔️ Менторство и континуирана поддршка

✔️ Вклученост во реални ревизорски проекти

Профил на кандидат:

🔹 Студент во завршни години или неодамна дипломиран од економски, финансиски или сроден факултет

🔹 Познавање на MS Office

🔹 Посветеност, аналитички способности и одговорност

🔹 Интерес за ревизија и желба за професионален развој

Рок за аплицирање: 31.12.2025

📩 Испрати го твоето CV на: careers@mk.gt.com

Започни ја својата кариера во ревизија со Грант Торнтон – компанија што вложува во твојот потенцијал!

* Сите апликации ќе се третираат со доверливост и само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%81%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%B8%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0-at-grant-thornton-north-macedonia-4350634061

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 26/12/2025 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme