Posto punë

Ballina / Punët / Менаџер за маркетинг,комуникации и продажба

Менаџер за маркетинг,комуникации и продажба

M6 Educational Centre Skopje

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Arsim, shkencë dhe kërkim

Përshkrimi

Доколку сте личност која:

  • Размислува стратешки и препознава можности за раст и развој;
  • Презема иницијатива, работи проактивно и е ориентирана кон резултати;
  • Гради долгорочни партнерства и воспоставува доверба со клиенти, партнери и соработници;
  • Комуницира јасно, инспирира и знае да создаде позитивно влијание;
  • Е тимски играч со професионален, отворен и конструктивен пристап;
  • Континуирано учи, размислува иновативно и е подготвена за нови предизвици;

тогаш можеби токму Вие сте личноста што ја бараме.

---Менаџер за маркетинг, комуникации и продажба---

Главни одговорности:

Маркетинг стратегија и бренд развој

  • Развој и имплементација на годишен маркетинг и комуникациски план.
  • Креирање стратегии за промоција на програмите и услугите на М6.
  • Следење на позиционирањето на брендот и предлагање активности за негово унапредување.
  • Анализа на пазарот, конкуренцијата и целните групи.
  • Подготовка и следење на маркетинг календар.

Дигитален маркетинг и комуникации

  • Управување со дигиталните канали и официјалните профили на социјалните медиуми.
  • Креирање и објавување содржини за LinkedIn, Facebook, Instagram, YouTube и други релевантни канали.
  • Планирање и реализација на дигитални маркетинг кампањи.
  • Следење на резултатите и оптимизација на дигиталните активности.

Креирање содржини и односи со јавноста

  • Подготовка на промотивни текстови, објави, статии, соопштенија и newsletter кампањи.
  • Подготовка и координација на содржини за веб-страницата.
  • Координација на подготовка на фото, видео и графички материјали.
  • Соработка со дизајнери, фотографи, продукциски тимови и медиуми.
  • Координација на медиумски активности и јавна комуникација.
  • Грижа за доследна примена на корпоративниот идентитет на М6.

Продажба и развој на клиенти

  • Промоција и продажба на корпоративни обуки, академии и образовни програми.
  • Развој на нови деловни контакти и можности.
  • Одржување односи со постојни и потенцијални клиенти и партнери.
  • Подготовка на понуди во соработка со програмскиот и проектниот тим.
  • Промоција на услугите за:
  • организација на настани и изнајмување конференциски простории;
  • користење на подкаст студио;
  • Learning Management System (LMS) и дигитални програми.

Потребни квалификации:

  • VII степен високо образование (маркетинг, комуникации, економија, менаџмент или сродна област);
  • Минимум 5 години работно искуство во маркетинг, комуникации или продажба;
  • Искуство со дигитален маркетинг и управување со социјални медиуми;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Активно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на Microsoft Office пакет;
  • Познавање и практично користење на AI алатки ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола – Б категорија.

Што нудиме?

  • Работа во динамична и професионална средина,
  • Можност за директна комуникација и поврзување со бизнис заедницата, корпоративни клиенти и професионалци од различни индустрии.
  • Работа во средина која поттикнува иновации, размена на знаење и развој на нови идеи.
  • Можност за градење професионална мрежа преку соработка со домашни и меѓународни партнери и едукативни центри.
  • Континуирани можности за професионална надградба, учење и развој на нови компетенции.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4444142205/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 29/07/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme