Posto punë

Ballina / Punët / Менаџер за контакт центар-наплата

Менаџер за контакт центар-наплата

MCash mk

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Ekonomi, financë, kontabilitet

Përshkrimi

ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друшто М КЕШ Македонија е финансиска институција, дел од Management Financial Group (MFG), која обезбедува потрошувачки кредити во Бугарија, Романија, Македонија, Полска, Хрватска, Шпанија и други услуги ширум светот.

Нашата мисија е да им обезбедиме на сите, без разлика на нивниот животен статус, шанса да добијат брз пристап до финансиски алатки, продукти и услуги за да можат да си ги исполнат соништата. Ние сме млад тим, а сепак искусни професионалци. Сакаме да работиме напорно и да бидеме најдобри.

Ако си подготвен да ни се придружиш на нашето патување, ќе ни биде задоволство да ни се приклучиш во тимот!

Позиција: Менаџер за наплата во Контакт Центар

  • Директно одговорна за резултатите на наплатата во контакт центар
  • Директно одговорна за резултатите на наплатата на компаниско ниво
  • Креирање стратегии и давање идеи за исполнување на целите
  • Унapreдување на работењето на Контакт Центарот -Наплата и издигнување на повиско ниво
  • Оптимизација на процеси
  • Изготвување и корегирање на скрипти за работа со цел да се подобри ефикасноста на врaботените
  • Делегирање на дневни задачи на оператите од контакт центар во делот на наплата,
  • Мониторинг на работниот процес и операторите во делот Наплата,
  • Следење на перформансите на операторите за наплата,
  • Спроведување различни кампањи за наплата,
  • Изготвување на извештаи за перформанси и постигнати цели,
  • Делегирање на дневни задачи на оператите во контакт центар во делот на наплата,
  • Менаџирање на вработените во контакт центар во делот на наплата
  • Унапредување на техники на комуникација

Потребни квалификации:

  • Искуство на иста или слична позиција минимум 2 години ќе се смета за предност
  • Искуство од раководење со тим од минимум 5 лица
  • Резултатно ориентиран
  • Проактивно решавање на проблеми, односно процес на аналитичко размислување со цел да се решат
  • Висок степен на толерантност при стрес, односно способноста да се остане продуктивен во време на криза или критични настани и способност за извршување на задачи во куси рокови
  • Лидерски и аналитички вештини;
  • Високо ниво на интегритет и доверливост
  • Одлични организаторски и комуникациски способности
  • Самоиницијативност, флексибилност и проактивност
  • Посветеност и одговорност кон задачите и работата
  • Способност за индивидуална и тимска работа

Ние нудиме:

  • Конкурентна нето плата
  • Месечно бонусирање согласно политиките на компанијата
  • Отворени можности за дополнителна заработка
  • Динамична и пријатна работна атмосфера со тим од професионалци
  • Приватно здравствено осигурување
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за родено дете
  • Слободен ден за прваче
  • Училишен сет за дечињата на вработените
  • Конференции и други активности
  • Платени обуки
  • Можност за континуиран кариерен развој
  • Општествено одговорни иницијативи

Испратете го вашето CV или мотивационо писмо на careers@mcash.mk

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%9F%D0%B5%D1%80-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BA%D1%82-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D0%BD%D0%B0%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0-at-mcash-mk-4392658730

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 27/03/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme