Posto punë

Ballina / Punët / Mechanical Engineer

Mechanical Engineer

Apave International

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas/Energy). Нашиот кадар на вработени опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Јужна Америка, Северна Америка, Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија.

АПАВЕ СЕЕ има потреба од Инженери со следните квалификации:

● Завршено високо техничко образование или во фаза на завршување на студиите– Машински Факултет, Технолошко-металуршки факултет или други технички факултети

● Со или без работно искуство

● Одлично познавање на англиски јазик

● Високи комуникациски способности и подготвеност за работа надвор од Македонија на подолг временски период во Западна Африка, Југоисточна Азија Јужна Америка и Европа

● Физичка и психичка подготвеност за работа на висина (опционално)

● Познавање на алатките на Microsoft Office

● Способност за читање на техничка документација и стандарди

● Способност за самостојна работа и работа во тим

● Одговорност и посветеност на работата

● Самоиницијативност и подготвеност за учење

Одговорности на работната позиција:

● Извршување на инспекции, калибрирање на инспекциска опрема, оценување и подготовка на извештаи користејќи ги конвенционалните и напредните ИБР (NDT) методи за испитување без разорување на материјали, заварени споеви, фабрикувани делови и компоненти со цел пронаоѓање на површински и внатрешни недостатоци (дефекти) на различни локации како платформи, FPSO-а, рафинерии за нафта и гас, електрични централи, фабрики, и други индустриски постројки.

● Извршување на инспекциски активности во доменот на опрема под притисок и челични конструкции преку методи за испитување без разорување ИБР (НДТ) методи, како PT, VT, RT, UT, MT, ET и напредни техники како TOFD, Phased array, LRUT итн.

● Инспекција на опрема за подигнување на товар како и нејзина сертификација

● Вршење на инспекции со метод на работа на висина (Rope Access)

● Различни инспекции од областа на методи за испитување без разорување ИБР

 Што нудиме:

  • Работа во голема интернационална компанија

  • Можност за развој и градење на професионална кариера

  • Конкурентна плата

  • Приватно здравствено осигурување

  • Работа во динамична атмосфера

  • Професионални обуки со интернационално признаени сертификати: можност за PCN сертификација, IRATA, ISO 9712

  • Дополнителни надоместоци при работа во странство

Сите заинтересирани треба да испратат кратка биографија до: recruitment.bue@apave.com

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/mechanical-engineer-at-apave-international-4399949148

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 15/04/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme