Posto punë

Ballina / Punët / Маркетинг специјалист

Маркетинг специјалист

Kola

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Transport, logjistikë

Përshkrimi

**Практикувајќи континуирано вложување во своите вработени, професионализација на сите процеси и воведување високи стандарди во своето работење, заедно растеме и освојуваме нови хоризонти во продажбата и дистрибуцијата. Доколку имате желба да бидете дел од компанија со големо искуство која го разбира значењето на човечкиот капитал и се грижи за развојот на сопствените човечки ресурси и нивно натамошно усовршување и унапредување, Ве молиме внимателно проследете го нашиот оглас за следното слободно работно место:

Маркетинг специјалист

1 (еден) извршител на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување

УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА РАБОТАТА?**

  • ССС или ВСС (економија, бизнис, маркетинг, статистика или сродна област);
  • Работно искуство најмалку 3 години во областа;
  • Англиски јазик- писмено и усно;
  • Основно познавање на дигитални канали и социјални мрежи;
  • Добро познавање на Microsoft Office (Excel, PowerPoint)

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ:

  • организациски вештини
  • вербални и писмени комуникациски вештини
  • одговорност и посветеност
  • способност за работа во динамична и креативна средина
  • способност за индивидуална и тимска работа
  • разбирање на основни маркетинг концепти и работа со податоци

КРАТОК ОПИС НА РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ:

  • Да го координира и спроведува развојот на маркетинг кампањи и бренд активности;
  • Креирање, управување и следење на маркетинг иницијативи и бренд планови;
  • Имплементација ,управување и следење на активностите по бренд согласно годишниот бренд план;
  • Следење и унапредување на маркетинг процеси во соработка со други оддели
  • Реализација на кампањи преку PR, дигитални, ATL и BTL канали;
  • Организација и учество во конференции, семинари, саеми и спонзорства;
  • Иницирање и анализа на пазарни истражувања и трендови и нивна примена во стратегии;

ШТО НУДИМЕ?

  • Работното време трае 5 работни дена односно 40 часа неделно. Од понеделник до петок работното време започнува од 07.30 часот до 08:30 часот (флексибилно работно време), а завршува од 15:30 часот до 16.30 часот
  • Континуирана едукација и можности за развој
  • Колективно осигурување

Вашата кратка биографија испратете ја преку полето ПРИЈАВИ СЕ или доставете ја на Ул.Качанички пат бр.254 во рок од 7 работни дена од 22.10.2026 година до 02.11.2026 година.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4481859182/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 27/10/2026 · Skadon 26/12/2026

Punë të ngjashme