Posto punë

Ballina / Punët / Маркетинг референт

Маркетинг референт

Жито Маркети

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Shitje me pakicë dhe shpërndarje

Përshkrimi

ДПТУ Жито ДООЕЛ Велес објавува интерен оглас за позицијата Маркетинг Референт , наменет за сите вработени кои имаат желба за професионален развој, напредување и вклучување во работата на Секторот за маркетинг.

Позицијата е погодна за лица кои се организирани, комуникативни, одговорни и имаат интерес за учество во планирање, координација и реализација на промотивни активности, акции и продажни кампањи во маркетите.

Главни работни задачи:

  • Учество во планирање, организација и реализација на акции, промоции и продажни кампањи;
  • Координација со маркетинг тимот и сите останати сектори за навремена реализација на промотивните активности;
  • Подготовка и проверка на содржини за флаери, ценовници, обележувачи, купонски понуди и друг промотивен материјал;
  • Координација со графички дизајнер при подготовка на промотивни материјали;
  • Следење на дистрибуција и правилна поставеност на промотивните материјали во маркетите;
  • Контрола на имплементација на промоциите во маркетите согласно планот и бренд стандардите;
  • Следење и анализа на продажни резултати од реализирани акции и промоции;
  • Следење и контрола на промотивни продажни позиции во маркетите;
  • Управување и ажурирање на списоци и бази на податоци за медиуми;
  • Учество во организација на настани кои вклучуваат медиумски кампањи, како што се прес-конференции, промоции или јавни настани;
  • Подготовка на извештаи и предлози за унапредување на идните промотивни активности.

Потребни способности и квалификации:

  • Минимум завршено средно образование;
  • Најмалку 1 година работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
  • Познавање на малопродажни процеси и промотивни активности ќе се смета за предност;
  • Добри организациски и комуникациски вештини;
  • Способност за работа со рокови и повеќе задачи истовремено;
  • Аналитички пристап и внимание на детали;
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
  • Одговорност, доверливост, тимска работа и самоиницијативност.

Ние нудиме:

  • Локација: Велес
  • Можност за кариерен раст и професионален развој
  • Обуки и активности за јакнење на тимската синергија
  • Обезбеден превоз и топол оброк
  • Ваучер за склучен брак
  • Пакет за новороденче
  • Роденденски подарок
  • Пакет производи за големите верски празници
  • Роденденски подарок за деца до 5 години

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%82-at-%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%82%D0%B8-4435651538

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 09/07/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme