Përshkrimi
Придружи се на Social Circle и научи како се водат успешни маркетинг кампањи за домашни и меѓународни клиенти!
Во врска со позицијата:
Бараме проактивен, организиран и амбициозен Account Manager практикант кој ќе стане клучна алка во менаџирањето на секојдневните активности за нашите клиенти. Позицијата е со флексибилно работно време (дополнително договорено), со можност за работа од дома (remote), но со еден клучен услов: да бидеш од Струмица.
Ова е совршена шанса за студенти или креативни луѓе кои сакаат да влезат во светот на дигиталниот маркетинг и да учат директно преку реални проекти.
Што ќе бидат твоите главни обврски?
- Менаџирање и објавување содржини: Подготовка на планови и објавување содржини на социјалните мрежи (Instagram, Facebook, TikTok, Pinterest, LinkedIn) за нашите клиенти.
- Facebook & Instagram Ads: Креирање, буџетирање, оптимизација и следење на рекламни кампањи во Ads Manager.
- Комуникација и грижа за корисници: Одговарање на пораки и коментари на профилите на клиентите на професионален и пријателски начин.
- Анализа и извештаи: Следење на резултатите од рекламите и подготвување едноставни извештаи за успешноста на кампањите.
- Координација: Соработка со нашиот тим за подготовка на визуели кои совршено одговараат на маркетинг стратегијата.
Што бараме од идеалниот кандидат?
- Локација: Да живееш во Струмица (задолжително).
- Љубопитност за Ads Manager: Основно познавање (или огромна желба брзо да научиш) како функционира таргетирањето и буџетирањето на Meta Ads.
- Организираност: Структна личност која не заборава кога треба да се објави пост и која има силно чувство за одговорност и внимание на детали.
- Одлична писменост: Безпрекорно пишување на македонски јазик и солидно познавање на англиски јазик.
- Комуникациски вештини: Желба за секојдневна комуникација и градење добри односи во тимот и со клиентите.
Што нудиме?
- Договор за платена практична работа со реална можност за вработување во агенцијата.
- Флексибилно работно време прилагодено на твоите обврски (факултет и сл.).
- Менторство и учење на практични вештини кои веднаш се применуваат во индустријата.
- Креативна и пријателска атмосфера без микроменаџмент.
Како да аплицираш? Ако си од Струмица и сакаш да научиш како се водат социјални мрежи за вистински бизниси, испрати ни го твоето CV на support@socialcircleagency.com.
Предизвик: Направи screenshot од една реклама што ти се појавила деновиве на Instagram/TikTok и ти го привлекла вниманието (позитивно или негативно). Прикачи ја во мејлот и напиши ни со една-две реченици: зошто токму таа реклама те натера да застанеш додека скролаше?
Kërkesat
Niveli: mid level
Publikuar 16/07/2026 · Skadon 19/01/2027