Posto punë

Ballina / Punët / Lawyer (Адвокат)

Lawyer (Адвокат)

Boshnjakovski Law Office

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ

Адвокатската канцеларија Бошњаковски е адвокатска канцеларија со седиште во Скопје, со изразен фокус на работа со меѓународни компании, инвеститори и индивидуални клиенти. За повеќе информации посетете ја нашата web-страна: www.boshnjakovski.com

Во моментов објавуваме повик за една позиција: правник со положен правосуден испит или адвокат со лиценца .

Нашата работа е фокусирана во неколку комплементарни области:

  • Деловно и трговско право , каде што советуваме компании кои работат во сектори како што се ИТ и технологија, финансии, градежништво, развој на недвижности и други стопански дејности. Во оваа област работиме на договори и преговори, корпоративни и регулаторни прашања, лиценцирање, трудово право, заштита на лични податоци, интелектуална сопственост, финансиско право и прашања поврзани со даноци.

  • Меѓународно граѓанско право , во рамки на кое застапуваме странски физички лица и припадници на дијаспората во постапки поврзани со наследство, развод, старателство, државјанство и други прекугранични семејни и граѓанско-правни прашања.

  • Миграционо право , каде што работиме за познати глобални корпорации, но и индивидуални инвеститори и дигитални номади во постапки за добивање дозволи за престој и работа.

Тоа што нудиме е:

  • професионална и поддржувачка средина, во рамки на млад, мотивиран и искусен тим.
  • култура која вреднува одговорноста, самостојноста и интелектуалната љубопитност
  • јасно дефиниран пат за станување на адвокат како партнер во нашата канцеларија (partnership track), при што кандидатите постепено ќе се развиваат не само како правници, туку и како дел од долгорочната деловна стратегија на канцеларијата.
  • конкурентна плата и денови за одмор над законскиот минимум.

Кандидатите кои аплицираат треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Адвокатски лиценца или минимум положен правосуден испит
  • Најмалку две години работно искуство
  • Одлично познавање на англискиот јазик
  • Познавање на други јазици е предност
  • Силна мотивација за личен напредок

Заинтересираните кандидати се поканети да достават биографија (CV) на: vladimir@boshnjakovski.com

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/lawyer-%D0%B0%D0%B4%D0%B2%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D1%82-at-boshnjakovski-law-office-4412124246

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 09/05/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme