Përshkrimi
Oвластен брокер во осигурување: животно осигурување
Имаш лиценца и искуство во осигурување, но твојот раст зависи само од сопствените контакти?
Smart Money Solutions Македонија го зголемува тимот и бара лиценцирани застапници со искуство во продажба на животно осигурување.
Стани дел од успешна словенечка компанија со 29-годишна традиција на пазарот, која веќе 7 години успешно работи и бележи континуиран раст во Македонија! Основана и предводена од Смилјан Мори — еден од најпознатите мотивациски говорници, бизнис коучиви и експерти за осигурување на Балканот со речиси 30 години искуство во дејноста.
Дали твојот труд и продажни вештини се соодветно наградени на сегашната позиција? Ако си заглавен во систем со фиксна плата каде „максимумот“ е однапред одреден, време е за промена.
Стани дел од успешна приказна каде твојот придонес директно го диктира твојот приход.
Што нудиме:
• Фиксна плата + провизија. Нивото на платата го договараме според твоето досегашно производство.
• Лидови генерирани од компанијата: клиенти кои веќе покажале интерес
• Структуриран продажен систем и концепт на разговор тестиран на терен
• Пат до тим лидер за 6–12 месеци, за оние што ќе покажат резултати и водство
• Портфолио: животно, ризико и инвестициско осигурување
Што очекуваме:
• Важечка лиценца за застапник во осигурување
• Минимум 1 година искуство во продажба на животно осигурување
• Самостојно водење на продажниот процес: од прв контакт до потпишана полиса
• Работа со лидови, препораки и сопствени контакти
• Јасни цели за првите 90 дена и подготвеност да се мериш со бројки
Аплицирај преку LinkedIn или испрати CV на infomk@smartmoneysolutions.com со назнака „Застапник во осигурување“.
Kërkesat
Niveli: mid level
Publikuar 11/11/2026 · Skadon 10/01/2027