Posto punë

Ballina / Punët / Dentist

Dentist

DentAlign

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

DentAlign.mk е специјализиран центар за модерна ортодонција со проѕирни алајнери, лоциран во центарот на Скопје. Со помош на дигитална технологија и 3D скенирање, на пациентите им овозможуваме дискретен и персонализиран третман за правилна и здрава насмевка.

Бараме лиценциран стоматолог кој ќе се приклучи на нашиот тим и ќе работи со пациенти што се на третман со алајнери.

Потребни квалификации:

  • Валидна лиценца за работа
  • Искуство со 3D интраорален скен за алајнери
  • Искуство со сепарација на заби и поставување атачменти
  • Одлични комуникациски вештини и професионален однос кон пациентите
  • Одговорност, прецизност и посветеност на деталите
  • Интерес за дигитална стоматологија и третмани со алајнери
  • Претходното искуство со ортодонтски третмани ќе се смета за предност

Работни обврски:

  • Преглед и проценка на пациентите
  • Изработка на 3D интраорални скенови
  • Поставување и отстранување атачменти
  • Изведување сепарација според планот за третман
  • Редовни контроли и следење на напредокот
  • Комуникација и советување на пациентите во текот на третманот
  • Водење точна документација за секој пациент

Што нудиме:

  • Работа во модерно опремена стоматолошка ординација
  • Дополнителна обука за системот и протоколите на DentAlign
  • Поддршка од стручен и професионален тим
  • Пријатна и организирана работна средина
  • Можност за професионален развој во областа на дигиталната стоматологија и алајнерите

Доколку сакате да бидете дел од модерна стоматолошка приказна и да се развивате во областа на дигиталната стоматологија, со задоволство би ве запознале.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4463959693/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 11/09/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme