Posto punë

Ballina / Punët / Деловен секретар

Деловен секретар

DEKRA Arbeit Macedonia

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Во Име На Својот Клиент, ДЕКРА Ја Огласува Позицијата Деловен секретар ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Организација, координација и следење на административните и организациските активности поврзани со Генералниот директор и Претседателот на Управниот одбор;
  • Прием, евидентирање, распределување и следење на службена документација и деловна кореспонденција;
  • Подготовка, уредување и техничка обработка на деловни дописи, извештаи, презентации и друга документација;
  • Организација и координација на состаноци, конференции, службени патувања и протоколарни активности;
  • Водење календар на активности, агенда и евиденција за деловни контакти;
  • Координација и комуникација со организациски единици, институции, клиенти и деловни партнери;
  • Организација на службени патувања, резервации, патни налози и следење на патни трошоци;
  • Грижа за доверливост, точност и безбедност на документацијата и информациите;
  • Организација на официјални посети, делегации и деловни средби;
  • Учество во организација на корпоративни настани, презентации и конференции;
  • Водење електронска и архивска евиденција на деловна документација;
  • Превод и деловна кореспонденција на македонски и англиски јазик.

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование – VII/1 степен;
  • Предност ќе имаат кандидати од областа на општествени, економски, административни, јазични или комуникациски науки;
  • Минимум 3 години работно искуство на административни, организациски или секретарски позиции;
  • Напредно познавање на MS Office пакет (Word, Excel, PowerPoint, Outlook);
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на деловна комуникација и корпоративен протокол;
  • Способност за работа со доверлива документација и кратки рокови.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com , со назнака за позицијата за која што аплицираат.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

  • Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%B5%D0%BA%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80-at-dekra-arbeit-macedonia-4413174937

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 12/05/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme