Posto punë

Ballina / Punët / Агент за спроведување анкети - Практикант

Агент за спроведување анкети - Практикант

TAV Airports

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Одговорности:

  • Анкетирање на патници и други клиенти за потребите на ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми.
  • Анкетирањето на патниците се врши преку директен контакт со нив, со дигитален уред и специфична софтверска апликација. Анкетирањето на другите клиенти може да биде далечинско преку онлајн алатки или со директен пристап до лицата.
  • Работникот се грижи за технички исправно пополнување на анкетите и има одговорност за нивната валидност.
  • Работникот има обврска да исполни месечни, квартални, полугодишни и годишни квоти, согласно утврдената програма за анкетирање.
  • Работникот подготвува и анализира извештаи од анкетите, на дневно, месечно, квартално и годишно ниво.
  • Работната позиција подразбира работа во смени на аеродромот, постојано движење низ терминалот и директна комуникација со патниците.

Вештини:

  • Течен македонски и течен англиски јазик (вербален и пишан)
  • Основно познавање на математички операции и работа со податоци, со цел разбирање на планот за анкети, распределување на квотите и следење на правилата за усогласеност на програмата за анкети.
  • Познавање на Microsoft Excel и искуство со програмот ќе се смета за предност. Доколку кандидатот нема познавање од Excel, обука ќе му биде обезбедена.
  • Претходно работно искуство во директна комуникација со луѓе (директна продажба, директна промоција на производи) ќе се смета за предност.
  • Желба за работа со луѓе и желба за учење нови работи, како и способност за брзо снаоѓање во новонастанати ситуации.
  • Клучни карактерни особини: комуникативност, динамичност, ведрина, љубезност, трпеливост, тактичност, флексибилност и самоиницијативност.

Образование:

  • Високо образование, но кандидатот може да биде и студент или со завршено средно образование.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4480951383/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 19/10/2026 · Skadon 18/12/2026

Punë të ngjashme