Përshkrimi
Ако со години успешно жонглираш меѓу барањата на клиентите и креативниот процес, а дигиталните канали и социјалните мрежи ти се природна средина, нашиот тим се шири и имаме отворено столче за тебе. Бараме личност со искуство која бара долгорочно вработување и знае како да изгради доверба со клиентите.
Твојот секојдневен ритам:
-
Водење клиенти од почеток до крај:
Градиш партнерски односи со клиентите, ги препознаваш нивните реални бизнис потреби и ги претвораш во прецизни, остварливи брифови за тимот.
-
Стратегија и адаптација на содржина:
Осмислуваш месечни планови и пишуваш уникатно copy за секоја објава, целосно прилагодено на тонот и публиката на платформите (Facebook, Instagram, LinkedIn, X, TikTok)
-
Следење на пулсот и трендовите:
Секогаш знаеш што се случува во моментот, експериментираш со нови формати и прв предлагаш како брендовите да бидат дел од муабетот на мрежите.
-
Брза креатива и визуелни решенија:
Самостојно подготвуваш брзи креативи и кратки видео формати (Canva, Cup Cut) кога моментот бара инстант реакција.
-
Користење модерни алатки:
Активно и паметно користиш AI алатки како личен асистент за бреинсторминг, генерирање идеи и копирајтинг.
-
Заедница и аналитика:
Го следиш ангажманот на публиката, учествуваш во комуникацијата каде што е потребно и подготвуваш месечни извештаи со реални заклучоци и предлози за раст.
Што очекуваме да донесеш на маса:
-
5+ години работно искуство
на позиции поврзани со account management, водење проекти, дигитален маркетинг или социјални мрежи.
-
Искуство во маркетинг/дигитална агенција
е огромна предност.
-
Одлична комуникација и јазична писменост:
Способност за брзо, креативно и прецизно изразување на македонски и англиски јазик.
-
Основни вештини за дизајн:
Познавање на алатки како Canva
-
Напредно користење AI:
Практично знаење за користење AI алатки во секојдневната работа за зголемување на ефикасноста и квалитетот.
-
Организираност:
Брзина, ажурност и висок степен на лична одговорност при водење повеќе проекти истовремено.
-
Широка општа култура:
Познавање и интерес за општествени теми, бизнис случувања и политика е бонус за тебе.
Што добиваш кај нас:
-
Long-term, стабилно вработување:
Градиме тим на долги патеки и бараме личност која сака заеднички стабилен раст.
-
Конкурентен финансиски пакет
усогласен со твоето искуство, автономија и одговорност.
-
Флексибилност и хибриден модел:
Комбинација на работа од канцеларија и од дома по договор, нас нè интересира само сработеното и квалитетот, а не седење на столче од 9 до 5.
-
Простор за твоите идеи:
Кај нас нема слепо „одработување задачи“; цениме иницијатива, предлози за иновации и слобода во носењето одлуки.
-
Поддршка и динамика:
Работна средина каде секој ден носи различен предизвик, со тим кој си ја знае работата и е секогаш тука да помогне.
Како да се пријавиш?
Испрати го твоето CV
и кратко портфолио или линкови од социјални мрежи/проекти
на кои си работел/а на info@rating.mk
со наслов:
Апликација за Account & Digital Marketing Manager – Твоето Име и Презиме
Kërkesat
Niveli: senior
Publikuar 10/11/2026 · Skadon 09/01/2027