Posto punë

Ballina / Punët / Виш специјалист за даноци и сметководство

Виш специјалист за даноци и сметководство

Makedonski Telekom AD

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Македонски Телеком го проширува својот тим во областа на финансии и даноци и во моментов бара Виш специјалист за даноци и сметководство кој ќе обезбеди правилно, точно и навремено пресметување и плаќање на сите даночни обврски на компанијата. Оваа улога има клучно значење во усогласување со регулативите, финансиското известување и стабилноста на компанијата.

Работни задачи:

  • Обезбедува точна, целосна и навремена пресметка и плаќање на сите даночни обврски (ДДВ, данок на добивка, имот, задршка, персонален доход и др.).
  • Ги следи и имплементира релевантните даночни регулативи и се грижи за нивна правилна примена во компанијата.
  • Подготвува, потврдува и поднесува даночни пријави, извештаи и налози за плаќање.
  • Kонтролира имплементацијата на сметководствената политика на МСФИ поврзана со даночни прашања во процесот на финансиско известување.
  • Одговорен за даночно планирање на ниво на компанија
  • Комуницира со Deutsche Telekom и локалните институции за даночни прашања.
  • Го координира процесот на сметки за плаќање (АП) и обезбедува ефикасно и контролирано извршување на платниот промет.
  • Соработува со внатрешните тимови и поддржува проекти и активности поврзани со даночната област.

Потребни квалификации:

  • Економски факултет.
  • Минимум 3 години релевантно работно искуство.
  • Напредно познавање на соодветните закони и подзаконски акти поврзани со даноци и други закони и прописи. Познавање на меѓународни регулативи поврзани со даноци.
  • Работно искуство во телекомуникацискиот сектор ќе се смета за предност.
  • Познавање на Меѓународните стандарди за финансиско известување (IFRS) и локалните GAAP стандарди
  • Напредни компјутерски вештини (MS Office, PowerPoint), познавање на SAP.

Што очекуваме:

  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Аналитички и вештини за решавање проблеми
  • Одлични вештини за изработка на извештаи
  • Ориентираност кон резултати
  • Иновативност, способност за воочување нови можности и учење на нови технологии
  • Тимски играч

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Бесплатен фитнес клуб и јога во рамките на компанијата
  • Останати бенефиции како вработен во МК

Работно време:

Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот)

Огласот ќе биде отворен од 10.12.2025 до 17.12.2025.

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%B2%D0%B8%D1%88-%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%81%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D1%86%D0%B8-%D0%B8-%D1%81%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-at-makedonski-telekom-ad-4349534048

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 10/12/2025 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme