Përshkrimi
Не бараме AutoCAD цртач. Бараме технички проектант за мебел по мерка.
Во Орнамакс не бараме човек што само знае да работи во AutoCAD.
Бараме човек што знае да размислува како производител.
Човек што кога ќе земе мерки, веќе го гледа готовиот мебел во својата глава. Знае како ќе се произведе, како ќе се монтира и каде може да настане проблем уште пред да започне производството.
Што ќе биде твојата улога?
-
Самостојно земање мерки на терен.
-
Организација и функционално решение на мебелот.
-
Изработка на комплетна техничка документација во AutoCAD.
-
Подготовка на сите потребни информации за корпус техничарот и монтажата.
-
Проверка на проектот според интерна чек-листа и преземање одговорност за неговата техничка исправност.
Не бараме совршенство.
Бараме човек што учи, презема одговорност и не ги повторува истите грешки.
Кај нас ќе се пронајдеш ако...
-
размислуваш пред да почнеш да црташ;
-
сакаш да разбереш како навистина се произведува мебелот;
-
те интересираат машините, оковот, материјалите и процесите;
-
сакаш да бидеш на терен, во производство и на монтажа кога тоа ќе ти помогне да станеш подобар;
-
не чекаш некој да ти каже што да направиш, туку сам бараш подобро решение.
Што нудиме?
-
слобода да носиш технички одлуки и да преземаш одговорност;
-
директно менторство и практично знаење;
-
работа со современи технологии и реални комплексни проекти;
-
можност да учествуваш во создавање и подобрување на процесите на проектирање;
-
можност да израснеш во главен технички проектант и креатор на системот за проектирање во Орнамакс;
-
различни модели на долгорочна соработка;
-
обезбедени услови за работа во просториите на Орнамакс.
Како го избираме кандидатот?
Разговорот е само првиот чекор.
Со кандидатите што ќе влезат во потесен избор ќе договориме пробна, платена соработка на реални проекти. Така и двете страни ќе можат да проценат дали ова е вистинска долгорочна соработка.
Ако бараш само работно место, ова веројатно не е огласот за тебе.
Ако сакаш да станеш човек што ќе го создава начинот на кој Орнамакс ќе проектира во иднина, тогаш вреди да разговараме.
📩 Аплицирај преку формата:
https://ornamaks.com.mk/proektant-za-mebel-po-merka/#apliciraj
Kërkesat
Niveli: mid level
Publikuar 06/08/2026 · Skadon 19/01/2027