Posto punë

Ballina / Punët / Специјалист за маркетинг проекти и промоции

Специјалист за маркетинг проекти и промоции

Жито Маркети

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Shitje me pakicë dhe shpërndarje

Përshkrimi

Добри идеи, интересни проекти и резултати што можете да ги видите.

Уживате во маркетингот, сакате да организирате и ве радува кога една идеја ќе стане успешна промоција? Сакаме да ве запознаеме.

Бараме личност што ќе ги поврзува идеите, луѓето и деталите зад нашите маркетинг активности. Од промотивна кампања и нов изглед на маркет, до настан или отворање на нова локација — ќе бидете вклучени во подготовката и реализацијата, заедно со нашиот маркетинг тим.

На што ќе работите?

  • Кампањи и промоции. Ќе учествувате во осмислување и реализација на активности што ги доближуваат нашите понуди до купувачите.
  • Брендирање на маркетите. Ќе ја координирате подготовката, изработката и поставувањето на рекламните материјали, со внимание на изгледот и деталите.
  • Настани и нови отворања. Ќе учествувате во организацијата на промоции, дегустации и активности за отворање нови маркети.
  • Промотивни материјали. Ќе соработувате со колегите при подготовката на летоци и други материјали, од првичниот план до проверката, печатењето и дистрибуцијата.
  • Програми за лојалност. Ќе учествувате во подготовка и спроведување активности поврзани со Поен+.
  • Координација и реализација. Ќе комуницирате со дизајнери, печатници, добавувачи и колеги од другите сектори, ќе ги следите роковите и ќе проверувате како се реализираат договорените активности, вклучително и на терен.

Ќе се пронајдете во оваа улога ако:

  • Умеете да направите јасен план и да организирате повеќе активности.
  • Комуницирате лесно и знаете како добриот договор да го претворите во завршена задача.
  • Имате око за детали и чувство за добра визуелна презентација.
  • Преземате иницијатива, предлагате идеи и барате практични решенија.
  • Добро работите со MS Office и сте отворени за користење нови дигитални и АИ алатки.

Искуството во маркетинг, промоции, организација на настани или координација на проекти ќе ви биде предност.

Што ве очекува кај нас?

Разновидни проекти, простор за ваши предлози и можност да се развивате низ практична работа. Ќе соработувате со различни тимови и партнери и ќе го гледате резултатот од својата работа во нашите маркети и во искуството на купувачите.

Локација: Велес

Подготвени сте за вашиот следен маркетинг проект?

Испратете го вашето CV на vrabotuvanje@zito.com.mk, со назнака „Специјалист за маркетинг проекти и промоции“ .

Очекуваме да ве запознаеме!

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4490417638/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 17/11/2026 · Skadon 16/01/2027

Punë të ngjashme