Posto punë

Ballina / Punët / Специјалист за IT ревизија

Специјалист за IT ревизија

Sparkasse Bank AD Skopje

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Bankari

Përshkrimi

Кои сме ние?

„Steiermärkische Sparkasse" е една од најсилните банкарски групации во регионот на Југоисточна Европа, која со своето присуство во земјите од Западен Балкан овозможува достапност на банкарските услуги за австриските и за регионалните компании, како и силна економска поврзаност и стабилност во целиот регион.

„Шпаркасе Банка" имајќи ја поддршката од големата финансиска групација, претставува доверлив партнер за своите клиенти во Р. Северна Македонија.

Што може да очекувате

  • Континуирана обука и можност за кариерен развој во банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse
  • Приватно здравствено осигурување
  • Конкурентна плата и дополнителни надоместоци
  • Мотивирачка организациска култура во која се почитува иницијативноста, анагажманот, но и тимскот дух
  • Настани и активности за добросостојбата на вработените (employee’s wellbeing)

Основни работни задачи и одговорности

  • Спроведување ревизија користејќи техники за анализа на податоци со цел идентификување на

обрасците, трендовите и аномалиите во големите збирки на податоци.

  • Развој на модели на податоци за поддршка на целите на ревизијата и проценка на ризичните области.
  • Користење на SQL и/или Python за извлекување, трансформација и анализа на податоци.
  • Изработка на скрипти со цел повлекување на податоци од различни дата бази и вршење на длабинска анализа за поддржување на наодите од ревизијата.
  • Развој на скрипти и автоматизирани процеси за насочување на анализата на податоците и
  • известувањето во процесот на ревизија, зголемувајќи ја ефикасноста и точноста.
  • Спроведување на проценка на ризиците и преглед на имплементирани безбедносни стандарди и контроли, како и регулаторни барања.
  • Презентација на наодите и препораките од ревизијата до засегнатите страни на јасен и концизен начин, вклучувајќи акциски планови и следење.
  • Континуирано следење на најновите случувања во анализата на податоци, методологиите за ревизија и регулаторните барања. Примена на нови знаења за подобрување на процесот на ревизија.

Кои квалификации се потребни:

  • Високо образование во областа на информатичка технологија, инженерство, анализа на податоци, компјутерски науки или сродна област
  • Релевантна професионална сертификација (CISA или слично) ќе се смета за предност
  • Релевантно работно искуство во внатрешна ревизија, управување со ИТ ризици, информациска безбедност, анализа на податоци, во банкарскиот или финансискиот сектор ќе се смета за предност.
  • Познавање на SQL и/или Python за работа со податоци; искуство со алатки за визуелизација (Tableau или Power BI) ќе се смета за предност
  • Познавање на ИТ инфраструктура (мрежи, SQL сервери и бази на податоци) и принципи на дигитална сигурност
  • Силни аналитички способности, внимание на детали и умешност за решавање проблеми
  • Одлични писмени и вербални комуникациски вештини, со способност за презентирање на сложени податоци на разбирлив начин.
  • Способност за ефективна тимска работа и соработка со различни оддели

Те охрабруваме да ја искористиш оваа можност и да аплицираш на отворената позиција со испраќање на CV и мотивациско писмо на kariera@sparkasse.mk

заклучно со 30.10.2026

година

со назнака „

Специјалист за ИТ ревизија “.

* Вашите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на интервју.

* Ве молиме за доставување на согласност Вашите податоци и поднесени документи да се чуваат во базата на податоци на Банката во период од 6 месеци, доколку сте согласни со истото. Оваа согласност кандидатот може да ја повлече во секое време со писмено барање.

За дополнителни информации, посети ја страницата www.sparkasse.mk.

ТИ ЈА ПРАВИШ РАЗЛИКАТА! #КариераБезБариера #верувајвоиднината

Те очекуваме!

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4476094884/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 13/10/2026 · Skadon 12/12/2026

Punë të ngjashme