Posto punë

Ballina / Punët / Советник/чка - Психолог (локација Струмица)

Советник/чка - Психолог (локација Струмица)

СОС Детско Село Македонија | SOS Children's Villages Macedonia

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

СОС Детско село Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на СОС Детски села Интернационал – водечка меѓународна организација посветена на поддршка на деца без родителска грижа и семејства во ризик. Нашата мисија е да обезбедиме секое дете да расте во љубов, грижа и поддршка за да прерасне во самостојна и успешна личност.

За реализација на активностите од проектот „Право на семејство II“, го прошируваме тимот и отвораме нова позиција за 1 (едно) работно место:

СОВЕТНИК/ЧКА - ПСИХОЛОГ 📍 Локација : Струмица

📌 Проект: „Право на семејство II“

📅 Рок на аплицирање : 20.09.2026 г.

Доколку сте психолог кој/а сака своето знаење и искуство да ги стави во служба на децата и семејствата и да придонесува кон нивната психолошка и емоционална благосостојба, ова може да биде вистинската позиција за вас.

Бараме мотивирана и посветена личност која ќе работи директно со деца и родители, обезбедувајќи психолошка поддршка, советување и психолошка процена и придонесувајќи кон подобро семејно функционирање.

🎯КЛУЧНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Советување и поддршка – спроведување индивидуално и групно советување и обезбедување психолошка поддршка за родители и деца
  • Психолошка проценка – следење и процена на психо-физичката состојба и потребите на корисниците
  • Психолошки наоди и мислења – подготовка на психолошки наоди, мислења и друга релевантна документација
  • Психо-социјална поддршка – обезбедување поддршка на децата и семејствата при кризни и стресни ситуации
  • Групна работа – организација и спроведување групи за самопомош и заеднички активности за деца и родители
  • Институционална соработка – соработка со Центрите за социјална работа, институции и граѓански организации

🌟ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Образование – високо образование од областа на психологијата
  • Регулатива – познавање на законската регулатива од областа на социјалната заштита и семејството
  • Искуство – искуство во креирање и спроведување обуки
  • Стручност – напредни познавања од областа на детските права
  • Јазик и компјутери – познавање на англиски јазик и работа со MS Office
  • Мобилност – возачка дозвола и активно возачко искуство

🧠 ЛИЧНИ ВЕШТИНИ:

  • Тимски дух и желба за соработка
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Проактивен пристап кон работата
  • Емпатија и способност за градење доверба

💼 ШТО НУДИМЕ:

  • Работа во меѓународна хуманитарна организација со јасна мисија и вредности
  • Континуирани обуки и можности за професионален и личен развој
  • Пријатна работна атмосфера и тимбилдинг активности
  • 1 ден во неделата работа од дома
  • Работа со чувство на исполнетост, затоа што секој ден придонесувате за позитивна промена во животот на децата и семејствата
  • Проектна позиција со договор на определено време од 1 година, со можност за продолжување до завршување на проектот (април 2029 година)

📬 КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ :

Испратете ја вашата професионална биографија најдоцна до 20.09.2026 година . 🔔 Придружете ни се и бидете дел од тимот што прави разлика!

💙 Ниту едно дете не треба да расте само! 💙

⚠️Напомена : Вашите лични податоци ќе бидат обработени со цел да се изврши процес на регрутирање за понудената работа. Доколку ни дадете експлицитна согласност, вашите лични податоци ќе бидат обработени и за учество во понатамошни процеси на регрутирање што ги спроведува СОС Детско село и испраќање известувања за понуди за работа.

СОС Детскo селo практикува политика на нулта толеранција за злоупотреба, дискриминација и непрофесионално однесување. Сите кандидати со самото аплицирање се смета дека се согласуваат со Кодексот на однесување и Политиката за заштита на деца и млади и се подготвени да работат согласно нив. Организацијата, исто така, се залага за унапредување на родовата еднаквост и активно придонесува кон одржување на родова рамнотежа во сите аспекти на своето работење.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4462838569/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 03/09/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme