Posto punë

Ballina / Punët / Советник за бизнис клиенти во Онлајн експозитура

Советник за бизнис клиенти во Онлајн експозитура

ProCredit Bank Macedonia

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Bankari

Përshkrimi

ПроКредит Банка Македонија е дел од ПроКредит групацијата, развојно ориентирана банкарска групација со силен фокус кон микро, мали и средни претпријатија, како и физички лица. Како дигитална банка, континуирано инвестираме во современи банкарски решенија и се стремиме на нашите клиенти да им обезбедиме ефикасна, сигурна и професионална услуга.

За потребите на нашата Онлајн експозитура , бараме Советник за бизнис клиенти кој ќе обезбедува квалитетна клиентска, оперативна и техничка поддршка на правните лица во нивното секојдневно банкарско работење. Работната позиција е со физичко присуство во нашите канцеларии во Скопје.

Клучни одговорности:

  • Обезбедување професионална и навремена поддршка на бизнис клиенти во врска со сметки, плаќања и останати банкарски производи и услуги.
  • Поддршка на клиентите при извршување на домашен и меѓународен платен промет, со обезбедување точни информации и практични насоки.
  • Обезбедување техничка и оперативна поддршка за електронско и мобилно банкарство, вклучително помош при користење на дигиталните банкарски услуги.
  • Одговарање и решавање на клиентски барања преку различни канали на комуникација, пред сè телефон и е-пошта, на навремен и професионален начин.
  • Насочување и поддршка на бизнис клиентите во користењето на дигиталните услуги, функционалности и платежни решенија на Банката.
  • Координација со релевантните организациски единици во Банката за ефикасно решавање на оперативни и технички барања.
  • Градење и одржување професионален однос со бизнис клиентите преку брза, сигурна и квалитетна поддршка ориентирана кон решенија.
  • Идентификување на повторливи клиентски, оперативни и технички проблеми, проактивно споделување на повратни информации и предлог иницијативи за нивно надминување и подобрување на процесите и клиентското искуство.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование, по можност од областа на економија, финансии, банкарство, бизнис администрација или сродна област.
  • Претходно работно искуство во банкарскиот сектор.
  • Добро познавање на домашниот и меѓународниот платен промет.
  • Познавање на банкарските производи, услуги и процеси наменети за правни лица.
  • Искуство со електронско и мобилно банкарство и способност за обезбедување техничка поддршка и практични насоки на клиентите.
  • Одлични комуникациски вештини и одлично познавање на англиски јазик.
  • Ориентираност кон клиентите, прецизност, одговорност и способност за истовремено управување со повеќе барања и приоритети.

Што нудиме:

  • Можност за личен и професионален развој во меѓународна банкарска средина.
  • Можност за понатамошно развивање на експертизата во областа на бизнис банкарството, платниот промет и дигиталните банкарски услуги.
  • Работа со широк спектар на банкарски производи, дигитални решенија и потреби на бизнис клиентите.
  • Тимска соработка и работна средина која поттикнува иницијативност и нови идеи.
  • Фиксно работно време во прва смена.

Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати кои имаат банкарско искуство да аплицираат на линк ProCredit Bank - Апликација за вработување.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4489922887/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 11/11/2026 · Skadon 10/01/2027

Punë të ngjashme