Posto punë

Ballina / Punët / Соработник за човечки ресурси и администрација

Соработник за човечки ресурси и администрација

BE-DA Logistics

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Доколку комуникацијата со луѓе, организацијата и создавањето позитивна работна средина се нешто во кое се пронаоѓаш, а притоа имаш одговорен и систематичен пристап кон административните задачи, те очекуваме во нашиот тим.

За проширување на нашиот тим, бараме Соработник за човечки ресурси и администрација

кој/која ќе биде одговорен/на за целокупната поддршка на вработените и HR процесите во компанијата.

Како дел од оваа позиција, ќе имате важна улога во поддршката на правните и HR процесите, обезбедувајќи усогласено и ефикасно функционирање на компанијата.

Ваши одговорности:

  • Одржување на позитивна и пријатна атмосфера и добри односи меѓу вработените
  • Комуникација со вработените и обезбедување поддршка во секојдневните HR прашања
  • Објавување огласи за работа и активно учество во процесот на регрутација
  • Преглед и селекција на CV-а и кандидати
  • Организирање и спроведување интервјуа со кандидати
  • Координација на процесот на вработување и onboarding на нови вработени
  • Организирање работилници, тимски активности, интерни настани и активности за вработените
  • Следење на задоволството и ангажираноста на вработените
  • Поддршка при решавање на интерни прашања и предизвици поврзани со вработените
  • Подготовка и водење на HR документација
  • Административни активности поврзани со вработувања, пријави, одјави, договори, отсуства и друга документација
  • Ажурирање и одржување на персонални досиеја и HR евиденција
  • Подготовка на плата и координација со сметководство и други оддели за прашања поврзани со вработените
  • Следење и подобрување на интерните HR процедури и процеси

Идеалниот кандидат:

• Поседува најмалку 2 години релевантно работно искуство

• Добро го познава трудовото право

• Работи организирано, прецизно и со високо ниво на доверливост

• Одлично се снаоѓа во MS Office

Доколку се препознавате во оваа улога, испратете ни ја вашата биографија на

job@be-da.mk

и станете дел од компанија со повеќе од 15 години искуство во транспортот и логистиката.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4463008091/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 10/09/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme