Përshkrimi
ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО СКОПЈЕ - компанија со дејност трговија со зрнести производи, семки, зачини, сушени плодови, масти, масла, адитиви, ароми и суровински материјал за слаткарство, пекарство, пивска и месна индустрија, индустрија за сокови и пакување, заради зголемен обем на работа, има потреба од:
МЕРЧЕНДАЈЗЕРИ/УНАПРЕДУВАЧИ НА ПРОДАЖБА за регион: СКОПЈЕ (2 ИЗВРШИТЕЛИ)
УСЛОВИ:
- Претходното работно искуство во трговија со прехранбени производи, како и познавањето на продажните објекти во регионот, ќе се сметаат за предност;
- Предност за кандидати со завршено високо образование;
- Искуство за работа со компјутер, активно познавање на MS Office
- Возачка дозвола Б-категорија (активен возач)
ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Одлични комуникациски и преговарачки вештини;
- Флексибилност за работа на терен;
- Креативност и самоиницијативност;
- Способност за индивидуална и тимска работа и градење на тимски дух;
- Деловна култура; - Професионален однос кон работата и енергичност.
ОДГОВОРНОСТИ И ЗАДАЧИ:
- обврска за редовна посета на маркетите за кои е задолжен;
- проверка на состојбата на сите производи на Друштвото во маркетите за кои е задолжен, следење излез на производите и нарачките;
- следење рокови, изложеност на артиклите, уредност и контрола на цени;
- надополнување на производите на рафт;
- спроведување на потребни маркетинг активности кај клиентите, презентација и промотивни активности;
- следење на залихи;
- комуникација со постоечки коминтенти;
- подобрување на пласман на артикли и нивни позиции;
НИЕ НУДИМЕ:
- Одлична плата;
- Позитивна и пријатна работна атмосфера;
- Можност за напредување.
Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV да бидат собрани и обработени од ЧЕЗАКОМЕРЦ ДОО Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат о обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицираат.
Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Доколку овој Оглас е предизвик за Вас, Вашата професионална биографија (CV) и Писмо за мотивација можете да ги испратите на следната е-маил адреса rabota_cezakomerc@yahoo.com со задолжителна назнака на апликацијата “ЗА ОГЛАС ЗА МЕРЧЕНДАЈЗЕР/УНАПРЕДУВАЧ НА ПРОДАЖБА за регион: СКОПЈЕ
Kërkesat
Niveli: senior
Publikuar 16/11/2026 · Skadon 15/01/2027