Posto punë

Ballina / Punët / Sales Manager

Sales Manager

Yugoimpex Export Import doo - woodworking machinery

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

За Компанијата:

Југоимпекс е лидер на македонскиот пазар во областа на планирање, продажба, инсталација, одржување на опрема, машини и целосни решенија за индустријата за производство на мебел и преаботка на дрво.

Како генерален застапник за реномиранирани светски брендови, обезбедуваме врвна технологија, прецизност и квалитет на нашите клиенти.

Во моментот го прошируваме нашиот тим и сме во потрага по мотивиран, амбициозен и технички квалификуван Менаџер за продажба за Македонија .

Цел на Улогата:

Како дел од нашиот продажен тим, вашата главна задача ќе биде водење на комплетниот B2B продажен циклус. Ќе соработувате директно со производители на мебел, столарски работилници, архитекти и фабрики од дрвната индустрија, помагајќи им да ги унапредат своите производи и производствени капацитети преку нашите решенија.

Одговорности:

  • Управување со продажниот циклус:
  • Водење, грижа и идентификација на нови можности кај постоечките клиенти, водење преговори од првична презентација до финализирање на договорот.
  • Идентификација на нови потенцијални клиенти. Воспоставување контакт и водење на преговори од првична презентација до финализирање на договорот.
  • Консултативна продажба: Анализа на потребите на клиентите и подготовка на соодветни технички понуди.
  • Одржување односи со клучни клиенти: Редовни теренски посети на постоечки партнери, следење на нивниот раст и идентификување можности за унапредување на нивниот производствен процес.
  • Едукација и презентации: Организација и учество во технички работилници и презентации на производи во нашиот изложбен.
  • Анализа на пазарот: Следење на трендовите во индустријата, потребите на клиентите, рана идентификација на нови можности.

Потребни Квалификации (Requirements):

·        Претходно искуство:

o  Најмалку две години искуство во B2B продажба и раководење деловни клиенти

или

o  Пет години искуство во индустријата за производство на мебел.

·        Комуникациски вештини: Идеалниот кандидат треба да поседува добри презентациски, преговарачки и продажни вештини.

·        Јазици: Одлично познавање на македонски и англиски јазик. Познавање на трет јазик ќе се смета за предност.

·        Возачка дозвола: Б-категорија (активен возач, подготвеност за теренска работа низ Македонија).

·        Компјутерски вештини: Напредно користење на MS Office (Word, Excel), искуство со CRM системи и дигитални алатки за продажба.

Што овозможува позицијата:

  • Мотивирачки процентуален бонус систем поврзан со постигнатите продажни резултати, без минимални таргети и без крајна граница за остварени бонуси.
  • Годишни бонуси поврзани со личниот успех и успехот на компанијата
  • Флексибилно работно време.
  • Службено возило достапно и за приватни цели.
  • Буџет за угостителство према клиенти.
  • Континуирани обуки и професионален развој, вклучително и сертифицирани обуки директно од нашите странски партнери.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4451206578/

Kërkesat

Niveli: senior

Publikuar 14/08/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme