Përshkrimi
Winners Group ја проширува својата мрежа во Македонија и бара професионалци со искуство во продажба базирана на провизија, кои сакаат повеќе од класична улога на агент: односно сакаат да градат, водат и развиваат сопствен тим.
Оваа можност е погодна за лица од области како што се осигурување, брокерство, финансиско советување, финансиска дистрибуција или мрежен маркетинг (network marketing), кои го разбираат темпото на претприемничката средина и се мотивирани од резултати, развој и лидерство.
Што ќе правиш
- ќе поминеш низ структуриран процес на онбординг (onboarding);
- ќе ја добиеш потребната лиценца за работа;
- ќе развиваш односи со клиентите и ќе изградиш сопствено портфолио;
- ќе регрутираш и интегрираш нови соработници;
- ќе изградиш и координираш сопствен тим на дистрибутери;
- ќе учествуваш на деловни состаноци, презентации и активности за комерцијален развој;
- врз однова на резултатите и изградениот тим постепено ќе напредуваш кон улогата на топ Менаџмент
Зошто оваа можност е поинаква
Во Winners Group не градиш сам.
Веруваме во специјализација. Тоа значи дека не мораш да правиш сè сам. Нашиот систем ги одвојува клучните функции, со цел перформансите да растат побрзо, а Mенаџерите да бидат поддржани од специјалисти и од главната канцеларија во суштинските фази на развојот.
Ќе имаш пристап до:
- директна координација од страна на главната канцеларија (headquarters);
- менторство и лидерство од искусни професионалци;
- јасен процес на развој и унапредување;
- оперативна и комерцијална поддршка;
- поддршка во градењето на сопствена филијала;
- бизнис модел изграден за скалирање (scaling), а не само за индивидуална продукција.
Што нудиме
- приходи базирани на перформанси: провизии + override-и (меѓупровизии) + бонуси за лидерство;
- загарантирана поддршка на почетокот на соработката;
- целосно флексибилно време;
- пристап до канцеларија, но и слобода за работа од каде било;
- концепт на службено возило (company car) за лична употреба;
- реална можност за градење тим и бизнис со влијание;
- средина ориентирана кон раст, лидерство и резултати;
- директна соработка со меѓународна групација во експанзија.
Профилот што го бараме
- имаш искуство во продажба базирана на провизија – задолжителен критериум;
- имаш искуство во осигурување, брокерство, финансиско советување, финансиска дистрибуција или мрежен маркетинг;
- ориентиран си кон резултати и имаш претприемнички менталитет;
- можеш да градиш односи, да влијаеш на луѓе и да координираш комерцијални активности;
- имаш желба да регрутираш, обучуваш и водиш тим;
- подготвен си да работиш во модел на наградување базиран на перформанси, а не во улога со фиксна плата;
- претставуваш профил на средна кариера (mid-career) или веќе имаш релевантно искуство во продажба и координација.
Ова не е вистинската улога за тебе ако
- бараш административна или back-office позиција;
- си работел само во средини со фиксна плата и без комерцијални цели;
- не те мотивираат продажбата, регрутирањето и лидерството;
- бараш пасивна стабилност наместо раст базиран на резултати.
Аплицирај
Ако имаш искуство во продажба базирана на провизија и сакаш да изградиш повеќе од обична кариера во продажба – односно тим, структура и реален пат до топ менаџментот – аплицирај преку LinkedIn Easy Apply.
Punë në distancë: Po
Kërkesat
Niveli: senior
Publikuar 20/05/2026 · Skadon 19/01/2027