Posto punë

Ballina / Punët / Референт / Самостоен референт во дирекција за кредитни политики и кредитна анализа

Референт / Самостоен референт во дирекција за кредитни политики и кредитна анализа

HALKBANK AD Skopje

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Bankari

Përshkrimi

Главни работни задачи:

• Изработка на финансиска анализа на нови и постоечки клиенти-правни лица во согласност со интерните акти на банката;

• Вршење на теренски посети и интервјуа со клиентот/овластеното лице;

• Континуирано следење на кредитната способност,на постојните клиенти-правни лица;

• Анализа и контрола на документацијата за проценка на кредитната способност на клиентот;

• Анализа на билансите и останатата финансиска документација;

•  Изработка и анализа на проекција на идните парични текови, проценка на кредитната историја на клиентот;

• Континуирано следење на пазарното бизнис и економското опкружување;

• Следење и почитување на променетата и новата регулативата како и документи и информации добиени во врска работењето на банката;

• Останати редовни активности во склоп на дирекцијата.

Основните квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува за оваа позиција се:

• Универзитетска диплома од Економски факултет или други релевантни факултети, Специјалност: Сметководство / финансии или друго соодветно поле ќе се смета за предност;

• Напредно користење на MS-Office (Word, Excel и Microsoft Outlook);

• Солидно познавање на англиски јазик;

• Познавање на: Деловните банкарски технологии и процеси, закони и прописи во врска со сметководство / финансии / банкарството, операции, усогласеност со прописи и други релевантни ризици, ќе се смета за предност;

• Минимум 2(две) години работно искуство како референт за кредитна анализа за правни лица или на слично работно место: работно искуство стекнато во сметководствени / финансиски / друштва за ревизија или други релевантни институции, ќе се смета за предност.

Истовремено, кандидатот треба задолжително да ги поседува следните познавања и вештини:

• Аналитичност, ориентираност кон решавање на проблеми и критичко размислување;

• Превземање на иницијатива и давање предлози за унапредување на работењето;

• Професионален пристап кон работните обврски;

• Ефикасно, стручно и навремено извршување на работните задачи;

• Чесност и доверливост;

• Одлични комуникациски вештини;

• Професионален изглед и однесување;

• Подготвеност и способност за учење, подобрување и понатамошен развој на професионалните вештини.

Бенефиции :

• Приватно здравствено осигурување;

• Политика за наградување преку системот на бонуси;

• Континуирани обуки за кариерен и професионален развој;

• Динамична работна средина;

• Продуктивно работно опкружување;

• Редовни тим билдинг и спортски активности и настани за дружење;

Работно време: дневно од 08:30-16:30, 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Вработените во нашата Банка имаат можност за напредување на повисоки и раководни позиции по стекнување со одредено ниво на искуство и зголемени знаења.

Доколку сте заинтересирани за позицијата, ве охрабруваме да аплицирате најдоцна до 08.05.2026

година на следниов е-маил: career@halkbank.mk

со назнака:

Референца Бр. 007/2026

– Референт/Самостоен референт во Дирекција за кредитни политики и кредитна анализа.

За да аплицирате, потребно е да ни го доставите вашето резиме (CV) на англиски јазик. Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Банката во рок од 1 (една) година.

Доколку сакате да ја повлечете согласноста за чување и обработка на Вашите лични податоци за цели на идни нови вработувања во Банката, истото можете да го направите во секое време на следниот е-маил: career@halkbank.mk.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на тестирање на знаење и/или интервју.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%82-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B5%D0%BD-%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0-at-halkbank-ad-skopje-4406461389

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 30/04/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme