Posto punë

Ballina / Punët / Раководител на продажба

Раководител на продажба

Manpower SEE in Kosovo

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Burime njerëzore

Përshkrimi

Manpower

  • Како глобален лидер во вработувањето, ги поврзуваме талентите со врвни компании. Нашата цел? Да ги исполниме твоите амбиции и потребите на пазарот на трудот.

Во име на нашиот реномиран клиент Фриком , бараме искусни и квалификувани кандидати за позиција раководител на продажба.

Фриком, водечка компанија во производството и дистрибуцијата на сладоледи и замрзната храна, го зајакнува својот тим и отвора можност за позицијата Раководител на продажба.

Доколку сте стратешки ориентирани, одлично организирани и имате искуство во водење тимови и развој на продажни стратегии, како и во соработка со повеќе оддели - ова е вистинската можност за вас.

🔹 РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

  • Раководител на продажба

📍 Локација на работа:

  • Скопје, Македонија

📝 Опис на работата:

  • Изградба на силни и долгорочни односи со купувачите и создавање кредибилитет кај купувачите
  • Следење, анализирање и разбирање на пазарните трендови и нивното влијание врз клучните купувачи во малопродажбата и HoReCa каналот, со предлагање решенија
  • Добро разбирање на специфичностите на работењето и познавање на организацијата и деловните активности на секој клучен купувач на Фриком Македонија
  • Управување со продажната организација на Фриком Македонија, вклучувајќи тим за теренска продажба, раководители на клучни купувачи, trade marketing, продажна администрација, кол-центар, како и надворешни изведувачи на услуги поврзани со продажбата (merchandising и сл.)
  • Подготовка на неделни, месечни и годишни планови за продажба
  • Подготовка на предлози за продажна политика, усогласување со директорот, грижа за одржување на продажната политика и обезбедување на нејзина примена во продажната организација
  • Грижа за сите ценовници и обезбедување нивна усогласеност со продажната политика, пазарната моќ на купувачите и законските рамки
  • Подготовка на план за trade marketing за секој поединечен купувач
  • Подготовка на план за трошоци и инвестиции во маркетинг
  • Следење на реализацијата на плановите за продажба и маркетинг
  • Следење и почитување на планот за трошоци за продажба и дистрибуција
  • Преговарање и склучување договори со купувачи
  • Контрола на усогласеноста на нарачките со акциските продажби
  • Договарање акциски продажби со клучните купувачи и контрола на нивната реализација на сите продажни места на клучниот купувач, како и контрола на усогласеноста со залихите
  • Контрола на цените и позиционирањето на производите на продажните места
  • Предлагање мерки за избегнување на ненаплата
  • Решавање на рекламации од купувачи
  • Планирање и распоред на ладилна опрема
  • Следење на активностите на конкуренцијата и известување за нив
  • Надзор над промоторите во контролата на квалитетот на робата (рок на траење, оштетувања и сл.) на продажните места
  • Давање упатства на купувачите за користење и складирање на производите, начинот на подготовка на производите и изгледот на ладилните уреди и сл.
  • Надзор и контрола на снабденоста на купувачите со потребен промотивен материјал
  • Извршување на сите други задачи по налог на претпоставените во друштвото

🎯 Што очекуваме од тебе:

  • Минимум ССС или ВСС
  • Искуство на раководна позиција во продажба
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач)
  • Познавање на англиски и хрватски јазик (германски се смета за предност)
  • Комуникациски вештини
  • Познавање на работа со компјутери (MS Office)
  • Презентациски и преговарачки вештини

🕘 Услови на вработување:

  • Полно работно време
  • Можност за професионален развој и долгорочна соработка

🎁 Бенефиции:

  • Службено возило достапно 24/7
  • Месечен стимулативен бонус за реализиран таргет
  • Божиќен бонус

📋 Процес на селекција:

  • Избраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју со Manpower
  • По интервјуто, селектираните кандидати ќе имаат интервју со компанијата Фриком

Дали си подготвен/а за предизвик во водечка дистрибутивна компанија?

Аплицирај со твоето CV преку опцијата Брза Апликација . Контакт ќе оствариме само со кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Со пријавување на овој оглас, се согласуваш твоите лични податоци да се обработуваат и чуваат во рок од 6 месеци, единствено за потребите на овој регрутациски процес. Сите информации се третираат како строго доверливи.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B6%D0%B1%D0%B0-at-manpower-see-in-n-macedonia-4350512052

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 25/12/2025 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme