Posto punë

Ballina / Punët / Раководител на експозитура Чаир

Раководител на експозитура Чаир

Central Cooperative Bank AD Skopje

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo:  Раководител на експозитура Чаир.

Локација: Скопје

Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:

-         ја организира, координира, раководи, дава иницијативи за унапредување на работењето и е одговорен за целокупната работа во Експозитурата;

-         ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво при контакти со јавноста, органите и слично;

-         има активна улога во привлекување нови коминтенти и задржување на постоечките;

-         се грижи и предлага можности за зголемување на профитот на експозитурата за која е назначен;

-         одговорен е за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио;

-         решава сериозни поплаки од коминтенти, специјални барања и останати комплексни прашања во врска со коминтентите;

-         потпишува договори за кредит, договори за издавање банкарски гаранции, акредитиви и други производи на Банката, одобрени од надлежниот орган или лице со право на одлучување, во нејзино име и за нејзина сметка, a во својство на доверител/заложен доверител, согласно интерните акти на Банката и во рамките на дадените поединечни писмени овластувања;

-         врши менторирање и пренос на знаење на останатите ваботени во Експозитурата;

-         ја оценува работата на вработените во Експозитурата со која раководи и дава предлози до Управниот одбор за нивно унапредување, наградување и предлага изречување мерки за неисполнување работни обврски, кршење на работен ред и дисциплина, утврдени со закон, актите на Банката и договорот за вработување;

-         го контролира следењето и применувањето на процедурите и упатствата на Банката како и прописите од доменот на банкарството од страна на вработените на кои е претпоставен;

-         врши и други работи и работни задачи по налог и насоки на Управниот одбор поврзани со работното место согласно интерните акти на Банката.

Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:

-         Високо образование (Eкономски факултет или друго соодветно високо образование);

-         Најмалку 3 години работно искуство од конкретната област во банкарски сектор;

-         Одлично познавање на англиски јазик;

-         Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:

-         Способност за продажба;

-         Комуникациски вештини;

-         Организациски способности;

-         Способности за раководење и работа со луѓе;

-         Поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката;

-         Познавање на прописите поврзани со банкарството.

За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.

Огласот ќе биде активен заклучно со 06.03.2026 година

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B7%D0%B8%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0-%D1%87%D0%B0%D0%B8%D1%80-at-central-cooperative-bank-ad-skopje-4377355829

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 02/03/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme