Përshkrimi
Цел на работната позиција
Обезбедува соодветност, ефективност и ажурност на системите за безбедност на храна, управување со квалитет и управување со животна средина, нивна усогласеност со дефинираните барања и континуирано унапредување (сите барања за процеси и инфраструктура од аспект на безбедност на храна, квалитет и животна средина да бидат правилно и целосно препознаени, спроведени gap-анализи и анализи на ризик и дефинирани потребните поставки на системот) во компаниите на пазарите во негова/нејзина надлежност.
Основни активности и одговорности
- Оперативни активности за воспоставување, одржување и унапредување на QMS, HACCP, EMS и останатите системи за управување, имплементирани или во фаза на имплементација.
- Оперативни активности за интеграција на барањата на клиентите поврзани со квалитет, безбедност на храна и заштита на животната средина во QMS системите на компаниите на пазарите во надлежност.
- Изработка на предлог годишен план за интерни проверки на QMS, HACCP, EMS, GDP и останатите системи за управување на пазарите во надлежност, координација и спроведување на интерни проверки. Оперативна организација и реализација на интерни проверки во компаниите на пазарите во надлежност, во соработка со надлежните менаџери и согласно усвоениот годишен план.
- Иницира анализа на причините и дефинирање мерки за унапредување врз основа на наоди од интерни и екстерни аудити, предлози од вработени и сл. преку дефинираниот систем. Го следи статусот на реализација на мерките, реагира во случаи на отстапувања и ја верификува ефективноста на спроведените мерки.
- Координира изработка и спроведува верификација на изработените QMS документи на секторите на пазарите во надлежност. Ја одржува Master листата на QMS документи за пазарите во надлежност.
- Организира, следи и раководи со работата на HACCP тимот на матичниот пазар: организира состаноци на тимот, организира, координира и реализира системски активности (тестирање на температурен режим, тестирање на следливост, обуки на вработени и сл.), изработува и ја одржува целокупната системска HACCP документација. Го следи и учествува во работата на HACCP тимовите на останатите пазари во надлежност.
- Учествува во екстерни проверки на пазарите во надлежност во доменот на безбедност на храна, менаџмент на квалитет, заштита на животна средина, GDP во дистрибуција на лекови и органски производи од страна на сертификациски тела, принципали, клучни купувачи и логистички клиенти. Одржува квалитетни односи со купувачи/клиенти/принципали/добавувачи/надворешни соработници во рамки на својата надлежност. Одговорен/на е за позитивна и уредна оценка од државни институции, сертификациски тела и аудити на принципали, клучни купувачи и клиенти, преку правилно толкување на барањата и поставување ефективни решенија.
- Следење на статусот на реализација на мерките за унапредување (препораки, неусогласености, предлози од вработени) и реагирање во случаи на отстапувања.
- Дава предлози за измена на групни документи врз основа на анализа на трендови на неусогласености, препораки и добри практики од окружувањето.
- Обезбедува поддршка во толкување на барањата на управувачките стандарди и имплементација на ефективни решенија за сите функции во компаниите во надлежност.
- Обезбедува поддршка во решавање ситуации со неусогласени производи кои ги дистрибуираат компаниите во надлежност.
- Организира и спроведува обуки за вработените во компаниите во надлежност од областа на безбедност на храна, заштита на животна средина и останати системи за управување, врз основа на одобрени програми и материјали за обука.
- Ја следи ефективноста и ефикасноста на системите, подготвува стандардни и ad-hoc извештаи, врши анализа на ефективноста на системите и предлага измени и надградби на системите за управување со безбедност на храна, квалитет и заштита на животна средина согласно добри практики, регулатива, барања на принципали, клучни купувачи и клиенти.
- Учествува во имплементација на проекти за унапредување на операциите и развој на нови услуги во компаниите на пазарите во надлежност.
- Учествува на оперативни состаноци со директно претпоставениот и соработниците со цел известување за реализација на активности и задачи во надлежност, како и запознавање со нови процеси и барања.
- Извршува задачи делегирани од директно претпоставениот во рамки на сопствените компетенции, а поврзани со работата на функцијата на која припаѓа.
Основни услови
Образование:
Земјоделски факултет, Технолошко-металуршки факултет, Хемиски факултет или сродни факултети
Степен на стручна подготовка:
VII степен
Работно искуство:
Минимум 3 години
Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/quality-specialist-at-nelt-group-4413405553
Kërkesat
Niveli: senior
Publikuar 12/05/2026 · Skadon 19/01/2027