Posto punë

Ballina / Punët / Правно-административен соработник / HR

Правно-административен соработник / HR

BE-DA Logistics

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Tjetër

Përshkrimi

Доколку имате правно образование, уживате во организирање процеси и сакате да бидете дел од компанија која активно расте, ве покануваме да се придружите на нашиот тим во Скопје.

Како дел од оваа позиција, ќе имате важна улога во поддршката на правните и HR процесите, обезбедувајќи усогласено и ефикасно функционирање на компанијата.

Ваши одговорности:

• Подготовка и администрација на договори за вработување и останата работно-правна документација

• Изработка на спогодби и други правни документи поврзани со работните односи

• Подготовка на правни поднесоци и комуникација со надлежни институции

• Координација на процесите за регрутација и селекција на кандидати

• Објавување и управување со огласи за вработување

• Подготовка на податоци за пресметка на плати

• Пријава, одјава и евиденција на вработени

Идеалниот кандидат:

• Има завршено правен факултет

• Поседува најмалку 2 години релевантно работно искуство

• Добро ги познава трудовото и корпоративното право

• Работи организирано, прецизно и со високо ниво на доверливост

• Одлично се снаоѓа во MS Office

Доколку се препознавате во оваа улога, испратете ни ја вашата биографија на job@be-da.mk и станете дел од компанија со повеќе од 15 години искуство во транспортот и логистиката.

Burimi: https://mk.linkedin.com/jobs/view/%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%BD%D0%BE-%D0%B0%D0%B4%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D0%BA-hr-at-be-da-logistics-4431938509

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 02/07/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme