Posto punë

Ballina / Punët / Платена практикантска работа

Платена практикантска работа

NLB Banka Skopje

Punë Shkup Maqedonia e Veriut Bankari

Përshkrimi

Млади ентузијасти, ве мотивираме да аплицирате на нашиот оглас за платена практикантска работа во Контакт центарот

Твоите работни цели:

  • Комуникација со клиентите за банкарските продукти и услуги;
  • Советување и поддршка на клиентите при користење на услугите на Банката;
  • Активности поврзани со користење и администрирање на податоци за дигитални сервиси.

Твојот профил:

  • Универзитетско образование или студенти на додипломски/постдипломски студии.
  • Комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
  • Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Познавање на основни ИТ алатки, англиски јазик на основно/средно ниво.

Твој мотив да ни се придружиш:

  • Практична работа во времетраење до 3 месеци во препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Можност за учење и менторство од врвни банкарски специјалисти;
  • Позитивна организациска култура и меѓусебна доверба и грижа за вработените се основни начела во работењето;
  • Можност за практична работа во Скопје.

Те очекуваме да аплицираш со достава на апликација во делот кариера на www.nlb.mk или на nlbkariera@nlb.mk со назнака „Апликација за платена практикантска работа“, најдоцна до 10.09.2026 година.

Burimi: https://www.linkedin.com/jobs/view/4459224351/

Kërkesat

Niveli: mid level

Publikuar 31/08/2026 · Skadon 19/01/2027

Punë të ngjashme