Përshkrimi
Нотарската канцеларија на Душко Дончев објавува конкурс за вработување!
Бараме мотивиран дипломиран правник за позицијата Нотарски стручен соработник , кој сака да изгради успешна кариера во нотарската дејност и да биде дел од професионална и современа работна средина во Скопје.
Ако сакате практично искуство во нотарската дејност, професионално усовршување и градење кариера во правната струка, ве покануваме да аплицирате.
Кој може да аплицира?
Добредојдени се кандидати со или без положен нотарски испит.
Очекуваме:
- Завршен Правен факултет (VII/240 ЕКТС или еквивалент)
- Одговорност, професионалност и внимание на детали
- Одлични комуникациски и организациски вештини
- Познавање на MS Office
- Познавање на англиски јазик (предност)
Нудиме:
- Работа во професионална и современа нотарска канцеларија
- Практично искуство и активно учество во нотарската работа
- Континуирано стручно усовршување и можност за професионален развој
- Пријатна, динамична и поддржувачка работна средина
- Конкурентна плата, во зависност од квалификации и работно искуство
📍 Локација: Центар, Скопје
📧 Испратете го вашето CV на notarduskodoncev@gmail.com , со назнака во предметот: „Апликација – Нотарски стручен соработник".
🗓️ Рок за пријавување: 15 дена од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 23.07.2026 година.
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
Kërkesat
Niveli: mid level
Publikuar 08/07/2026 · Skadon 19/01/2027